19 Април, 2024
0.0309

„Не е важно дали ќе умрете со милијарди во банката, или со 20 долари под перница“

6 важни одговори за бизнисиот и успехот од основачот на Virgin - Ричард Бренсон!

Објавено во: Финансии 18 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Ви пренесуваме едно Блиц интервју со Ричард Бренсон, основачот на Virgin Group, организација под капата на која се наоѓаат околу 360 компании!

Бренсон е познат по Нетрадиционалниот бизнис стил, ексцентрично - промотивни иницијативи, а исто така и по склоноста кон екстремните искуства како што е патување околу светот со балон, обид за премин на Атлантикот со моторница и многу други! Еве и 6 прашања и одговори од милијардерот:

1. Кој е најдобриот совет што некогаш сте го добиле?

Три нешта ми доаѓаат на ум. Првото доаѓа од мајка ми Ев, која секогаш ме учеше никогаш да не гледам назад. Да не гледам кон минатото со жалење, туку да продолжам напред со следното нешто што сум решил да го правам.

Секогаш ме вчудоневидувало како најголем дел од времето луѓето го губат мислејќи и жалејќи за неуспесите во минатото, наместо да ја насочат оваа енергија кон друг, нов проект. Никогаш не гледам на неуспесите како на лошо искуство, а само како дел од обука. Мајка ми исто ми велеше да не ги критикувам отворено луѓето. Кога бев мал кажам ли нешто лошо за некој пред неа, таа ме тераше да стојам пред огледалото 5 минути и да зјапам во себе.

Зошто го правеше тоа?

За да ме натера да увидам дека сите мои критични приказни за другите се одраз на мојот сопствен карактер! Третото, е дека во 1980 Фреди Леикер, извршниот директор на Бритиш Ерлан ми даде голем совет како да создадам сопствена авиокомпанија.

Тој ми рече:

„Излези надвор и направи се себе си идиот. Во спротивно нема да преживееш. И увери се дека ќе се појавиш на првата страница на весниците, не на последната“

Последниот совет, ми падна најзабележлив и така направив будала од себе многупати. Сеуште го правам тоа и тоа ми носи само придобивки!

2. А најлошиот совет кој сте добиле?

Советите доаѓаат во многу форми!

Верувам дека прашувајќи многу луѓе за нивното мислење и убедување ќе ми даде многу различни агли, на кои ќе можам да сметам и да донесам вистинска одлука.

И бидејќи никогаш не сум слушал само едно мислење на еден човек, немам совет кој навистина бил лош и да ми донел неуспех.

Неуспесите ми доаѓале по повеќе од еден и различни лоши совети!

3. Каков совет би им дале на младите претприемачи?

Не заборавајте дека е невозможно да имате свој бизнис без да ризикувате. Мојата компанија Вирџин немаше да биде она што е денес ако не презедовме бројни ризици на патот. Еден мора да верува во она што го прави 100%.

Ако правите нешто и очекувате тоа да пропадне во 9 од 10 пати, сигурно ќе го познаете тоа! Пред сè Забавувајте се-тоа ќе ги задржи вашите колеги ентузијасти и мотивирани повеќе од сè друго. Една од моите омилени фрази е:

„Храбриот може и да не живее вечно, но претпазливите не живеат воопшто“

4. На што ве научија неуспесите?

Како претприемач треба да дознаете едно: не постои такво нешто како неуспех.

Треба брзо да прифатите дека нешто во моментов не оди добро и веднаш да го промените пристапот или едноставно да го затворите бизнисот и да се откажете.

Како што реков верувам во преземањето на ризици, но исто така верувам и во заштитата од неповолни околности. Двете треба да одат рака под рака.

Инаку ќе сте само еден храбар будала кој само прави нешто за да каже дека ризикува и да се удира во градите колку храброст поседува! Јас не сакам да сум тој идиот!

И за да не сум, тоа значи однапред да се работи на сите работи кои може да тргнат наопаку. Неопходно е да се увериме дека сме ги опфатиле сите можности за неуспех, и дека сме ги зеле мерки против тоа. 

5. Жалите ли за нешто?

Веројатно ако размислувам ќе откријам многу деловни одлуки, за кои жалам, но се обидувам да не се задржувам воопшто на нив.

Целта ми е да преминувам кон доста позитивни работи и се трудам да не мислам за нив. Не станувам наутро од кревет за да мислам на она за што жалам.

Станувам наутро со мислата што позитивно нешто ќе направам во денот!

Другото, поради што станувам наутро, е помислата дека можам да направам нешто значајно. Токму затоа никогаш не сум сакал да водам голема компанија и чувствувам големо задоволство да создавам и да внимавам за многу и мали фирми.

Со принципот на мал претприемач Вирџин успеа да оствари бројни позитивни и значајни достигнувања во различни бизнис сектори.

Мислам дека колку активно сте ангажирани со секој дел од своите активности, толку успешни ќе се чувствувате и ќе имате многу помалку прилики за жалење.

Во моментов се фокусирам повеќе кон целта да помогнам да ја заштитиме иднината на нашата планета. Значи ли тоа дека сум успеал?

Не знам, но сигурно ме прави среќен.

6. За успехот

Никој не смее да биде запаметен само со тоа колку пари направил во животот. Не е важно дали ќе умрете со милијарди во банката, или со 20 долари под перница.

Не сте постигнале ништо во животот ако мислите така. Најважно е дали сте создале нешто посебно и дали сте направиле нешто корисно за луѓето. Претприемачите, научниците и уметниците, кои починале без скршена пара, често остануваат во историјата како херои.

Успешните луѓе не знаат никакви специјални тајни.

Не завидувајте им на оние кои ви изгледаат "победници", а слушајте ги мудрите зборови на луѓето кои воделе исполнет живот - оние кои што посветувале доволно време на пријателите и семејството.

Успехот има многу димензии и парите се само мал дел од нив.

Животот на некои од најзначајните луѓе кои постигнале исклучително многу, секогаш завршува среќно. Мојот пријател Мадиба помина дваесет и седум години во затвор. Ако умреше таму, немаше ли да извлечеме поука од неговиот живот?

Во бизнисот, како и во животот, најважно е да направите нешто позитивно!

Можеби ќе ве интересира

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ОСНОВНАТА КАМАТА ОСТАНУВА ВИСОКА ДО СМИРУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА - Народна банка: „нивото сѐ уште е над историскиот просек“

ОСНОВНАТА КАМАТА ОСТАНУВА ВИСОКА ДО СМИРУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА - Народна банка: „нивото сѐ уште е над историскиот просек“

„БЕЗ ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТ СЕ ТРОШАТ ОКОЛУ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАБАВКИ ВО УЧИЛИШТАТА СО ПАРИ ОД РОДИТЕЛИТЕ“: Истражување на Центарот за граѓански комуникации

„БЕЗ ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТ СЕ ТРОШАТ ОКОЛУ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАБАВКИ ВО УЧИЛИШТАТА СО ПАРИ ОД РОДИТЕЛИТЕ“: Истражување на Центарот за граѓански комуникации