18 Април, 2024
0.0257

Дали знаете кој зема најголема, а кој најмала плата во Македонија?

Објавено во: Економија 27 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Вработените кои се грижат за правните и сметководствените услуги на компаниите имаат највисоки просечни плати во земјава. Вработените пак во воздухопловството иако и натаму се на листата најдобро платени сепак  во август имале најголемо намалување на платите. Вработените во компаниите кои се занимаат со управување на отпад се најслабо платени работници, а веднаш зад нив се текстилците. Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика кои се однесуваат на просечната плата во август годинава. Сметководство, банки и телекомуникации од  39 000 денари до 52 000 денари! Според анализата, највисока просечна плата во август годинава имале вработените што се занимаваат со правни и сметководствени дејности. Кај овие вработени просечната нето плата во август изнесувала  51.439 денари. Според податоците на Државниот завод за статистика, платата на вработените во овој сектор се зголемила за 53,4 проценти споредено со истиот месец минатата година. Следни на листата со најголема просечна плата се вработените во финансиските дејности и осигурување. Во секторот помошни дејности кај финансиските услуги и дејности во осигуривањето, просечната плата во август била е 39.851 денари што во однос на минатата година истиот месец е пад од 9,5 проценти. Во телекомуникацискиот сектор во август годинава просечната плата изнесувала 39,749 денари. Во однос на истиот месец мината година платата има зголемување од 0,5 отсто. Неодамна вработените во овој сектор беа на врвот на листата но тоа се должеше на менаџерските бонуси што одредени компании од овој бизнис ги имаа исплатено на менаџментот што влијаеше на кревање на просекот на исплатената нето плата. Воздухопловци - 39 635 денари Иако се на листата со највисока плата, на вработените во воздухопловниот транспорт во август годинава платата имала и најголемо намалување на од 14,1 процент. Според Државниот завод за статистика просечна нето плата во овој сектор изнесувала  39,635 денари. Енергетичари - 37 000 денари Според Државниот завод за статистика вработените во снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација имале нето плата од 37.278 денари. Фармацевти: Платата на вработените во производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, во август годинава земале нето плата од 35,053 денари. Најмалку  платени комуналците и текстилците 8000 - 12 000 денари? Вработените во дејностите за санација и останати услуги за управување со отпад, според Државниот завод за статистика се најслабо платените. Во август годинава овие вработени земале нето плата од 8.111 денари. Следни на листата со најмала нето плата се вработените во текстилната индустрија , производство на облека и производство на кожа каде нето платата во август се движела од 10.117 денари до 10.370 денари. Дрвопреработувачите пак во август имале просечна нето плата од 12.370 денари. Во однос на август лани платата на вработените во дејностите кои се занимаваат со подготовка и служење на храна е зголемена за 6,6 отсто. Нивната просечна плата во август годинава изнесувала 12,934 денари . Градежници од 13 000 до 18 000 денари Градежниците кои работат на изградба на згради имале просечна нето плата во август од 13,903 денари, додека нивните колеги градежници кои работеле на изградба на патишта имале просечна нето плата од 18,177 денари. Најмногу е намалена платата на вработените во спортско рекреативните дејности за 25,4 проценти и нивната плата изнесува 15.356 денари,на вработените во коцкарските дејности пплатите во август им се намалени за 14, 9 отсто и нивната нето плата изнесувала 15,356 денари, на вработените во Канцелариско-администратвни и помошни дејности и деловно-помошни дејности платата им е намалена за 19,2 отсто. Инаку просечната нето плата во Македонија во август годинава изнесува 20.965 денари, објави Државниот завод за статистика. Во истиот месец 2,5 отсто до вработените не земале плата. С.Н.

Можеби ќе ве интересира

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи

Грејната сезона продолжува до 30-ти април

Грејната сезона продолжува до 30-ти април

„НИКОЈ НЕ МИ ВЕРУВАШЕ ДЕКА ВО РЕСТОРАНОТ МОЖАТ ДА СЕДАТ И СЕМЕЈНО ДА РУЧААТ ЛУЃЕ ОД ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНОСТИ“ - Дабевски за искуството со „Кораб Трница“ за „Бизнис муабети“

„НИКОЈ НЕ МИ ВЕРУВАШЕ ДЕКА ВО РЕСТОРАНОТ МОЖАТ ДА СЕДАТ И СЕМЕЈНО ДА РУЧААТ ЛУЃЕ ОД ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНОСТИ“ - Дабевски за искуството со „Кораб Трница“ за „Бизнис муабети“

КОИ СЕ ШПЕДИТЕРИТЕ КОИ ТРИЈАТ РАЦЕ, А ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ ОД ЧОКОЛАДИ - еве како „Европа“ ќе ја распредели својата ланска добивка

КОИ СЕ ШПЕДИТЕРИТЕ КОИ ТРИЈАТ РАЦЕ, А ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ ОД ЧОКОЛАДИ - еве како „Европа“ ќе ја распредели својата ланска добивка

Нов бран на експанзија на казина во Македонија

Нов бран на експанзија на казина во Македонија

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто