22 Ноември, 2017
0.3625
    ALK 7223.6    -1.72%     BESK 10300    0%     GRNT 809.73    1.09%     KMB 2697.06    -0.11%     MPT 26300.71    -2.23%     RMDEN14 92.2    -2.95%     RZLV 45    0%     RZUS 106    -3.64%     TPLF 1605.93    -0.07%     TTK 795    -2.57%     ZPKO 2601    0.04%

662 лица конкурираа за мерката Млад земјоделец

Објавено во: Агробизнис 31 Август, 2017

Заврши рокот за аплицирање за финансиска поддршка од неповратни 10.000 евра на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност. Според податоците од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), за мерката конкурирале 662 лица. Во моментов се врши евалуација на пристигнатите апликации, со цел да се утврди подобноста на апликантите, односно дали ги исполнуваат пропишаните услови во огласот. До почетокот на октомври се очекува да заврши евалуацијата.

Потоа на апликантите кои ги исполниле условите, АФПЗРР ќе им издаде  решение, по што следува склучување на договор за финансиска поддршка. Оние апликанти кои не исполниле пропишаните услови, ќе добијат решение дека се  одбиени со образложение на причините.

Апликантите кои ќе бидат корисници на мерката, откако ќе го склучат договорот треба да започнат со извршување на инвестициите согласно нивниот деловен план. Потоа АФПЗРР ќе врши редовни контроли, колку реализираното на терен е во согласно со понудениот бизнис план од страна на апликантот.

По извршување на инвестицијата апликантот е должен  до АФПЗРР да  достави барање за исплата, по што се рефундираат финансиските средства кој апликантот ги потрошил за инвестицијата. Исплатата на неповратните 10.000 евра се очекува да биде завршена до крајот на 2017 година.

Евалуацијата, но и доделувањето на парични средства ќе се одвива отчетно, професионално и неселективно.

Оваа мерка  постоеше и претходно, но со критериум „прв дојден прв услужен“. Со измените на Програмата за рурален развој  што ги донесе Владата, се воведоа нови критериуми за подобност, со што парите ќе завршат кај вистинските земјоделци. 

Со мерката им се излегува во пресрет на младите земјоделци кои имаат желба да се занимаваат со земјоделство. При тоа ќе се овоможи развој на руралните средини, вработување преку отворање на соствен бизнис на младите луѓе,  внесување на нови и модерни технологии,  што крајно ќе резултира со зголемено земјоделско производство. 

Младите земјоделци ќе бидат во фокусот на креирањето на понатамошните политики на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, преку зголемување на финансиската поддршка за оваа категорија.

Ова е само една од низата мерки на Владата со кои се помага домашното стопанство и кои ќе придонесат за унапредување на земјоделството.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНСКИОТ КОСТЕН ИМА ИДНИНА: Полицијата да ги спречи кражбите во тетовско

МАКЕДОНСКИОТ КОСТЕН ИМА ИДНИНА: Полицијата да ги спречи кражбите во тетовско

Николовски: За развојот на земјоделството, клучна е улогата на владините политики за забрзување на евроинтеграцискиот процес

Николовски: За развојот на земјоделството, клучна е улогата на владините политики за забрзување на евроинтеграцискиот процес

Владата донесе пакет одлуки за секторот земјоделство

Владата донесе пакет одлуки за секторот земјоделство

Николовски во Јахорина ќе учествува на 11-от годишен состанок на министрите за земјоделство од ЈИЕ

Николовски во Јахорина ќе учествува на 11-от годишен состанок на министрите за земјоделство од ЈИЕ

Интервју Кирил Станкоски: Оваа година може да очекуваме добар род и реколта со квалитетен тутун

Интервју Кирил Станкоски: Оваа година може да очекуваме добар род и реколта со квалитетен тутун