19 Април, 2024
0.2245

70% од работните позиции ќе исчезнат до 2040та - Како да се подготвите за иднината

Објавено во: Анализа 07 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Д-р Роберт М. Голдман, основач на повеќе институти за благосостојба, бизнис и спорт, проценува дека во наредните 15 до 20 години речиси 70% од професиите и работните позиции целосно ќе исчезнат и во повеќе области работа ќе има само за специфични специјалисти, остатокот ќе биде заменет од роботи или вештачка компјутерска интелегенција. 

Тој го наведува примерот со Кодак кои до 1995-та беа лидери на пазарот со милијарди профит, но со појавата на евтините и лесно достапните дигитални камери целосно беше заменета потребата од печатење на слики на филм, а 20 години подоцна речиси и никој во филмската индустрија не снима на лента, туку со напредни дигитални, а во поново време и со 3Д и виртуелни камери. 

Затоа се поставува прашањето како да се опстои во наредните 20 години кога вештачката интелегенција експропорцијално ќе ги развие компјутерите до тој степен тие да бидат водечки во науката, медицината, па дури и во општествените сфери. 

Сервисот Uber е најголема такси компанија, а нема свои возила, Airbnb е најголем хотелски сервис, а нема свој имот, Facebook развива соларни дронови, софтвер за препознавање на лица, виртуелна и пренесена реалност, Google работи на возила кои целосно самите ќе се управуваат, а Tesla ја менува автомобилската индустрија која е директно поврзана со фосилните горива. 

Целиот овој напредок ќе доведе до укинување на работните позиции вршени од работници кои ќе ги заменат компјутери или роботи. Сепак, тоа не значи дека економијата на светот ќе пропадне, па затоа потребно е да се мисли на области во кои ќе може да бидете ангажирани. 

Тука се издвојуваат аналитичарите на големи бази на податоци, медицински сестри за грижа на стари лица бидејќи животниот век ќе се зголемува, социјални работници, математичари, програмери и инжинери. Професии кои се под директна закана се општи правници, новинари, индустриски работници, банкарски службеници, агенти за недвижности и многу други. 

Иднината со сите технолошки напредоци изгледа возбудливо и атрактивно, но истовремено и застрашувачки, па затоа неопходно е владите и особено образовните институции да ги следат трендовите и да се прилагодат на петтата индустриска револуција предводена од вештачката интелегенција.

Автор: Христијан Станоевиќ


Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!