70.000 ПОТПИШАА ПЕТИЦИЈА: Бараат во ЕУ да се укине летното сметање на времето
Објавено во: Свет 26 Јануари, 2018
Финска се залага за укинување на летното сметање на времето во рамки на ЕУ.
Ова се бара затоа што повеќе од 70.000 Финци минатата година потпишаа петиција за укинување на летното сместање на времето.
Финската министерка за сообраќај и комуникација, Ан Бернер, изјави дека владина цел е откажување од оваа пракса во рамки на Унијата.
За споредба, во Хрватска 85% од граѓаните сметаат дека треба да се укине летното и зимското сметање на времето.
Група пратеници од ЕП бараа укинување на зимско и летно сметање на времето.