19 Април, 2024
0.0316

8 Бизнис совети од Мирјана Свилар Алексовска - Првата дама зад Revlon Professional во Македонија

Објавено во: Мои пари 27 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Мирјана Свилар Алексовска е дипломиран економист – финансиски менаџер по професија и првата дама зад Revlon Professional во Македонија. Вистинско освежување на бизнис сцената, оваа пријатна и софистицирана дама е упорна, одговорна, трпелива и посветена мајка, сопруга, авантурист и деловна жена која зборува за успесите, искуствата и стратегиите во сопствениот бизнис.

1. По прегратки со двете близначиња и утринското кафе со сопругот, започнува бурниот ден на Мирјана Свилар Алексовска. Состаноците, пла- новите и анализите се нејзино секојдневие, а тоа знае да ве голтне и натера да подзаборавите да им посветите внимание на најблиските. Токму затоа е потребен баланс. „Максимално вложувам енергија да постигнам баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот, бидејќи без приватниот живот џабе се професионалните успеси. Семејството и пријателите се една многу важна алка во животот и времето поминато заедно е скапоцено. Компромисот е неизбежен и најчесто трпи сонот, немам многу време за спиење, но кога ќе слушнам: „Мамо, те сакам до небото”, се топам и заморот исчезнува. Сѐ што е споделено со пријателите добива многу поголемо значење и среќата е поголема. Сепак, мислам дека со добра организација може сѐ да се постигне,“ вели Мирјана.

2. „За човек да биде ус- пешен мора да верува во себе и да има визија. Кога знаете што сакате многу е полесно. Патот не е лесен, има многу препреки, подеми и падо- ви, не оди сѐ како подмачкано, но човек мора да е упорен и да работи. Ништо не паѓа од небо. Точно е дека треба да се има среќа, но треба и напорна работа, верба во успех и по- убаво утре и мозокот да се намести да размислува чекор понапред. Најголема мотивација, а воедно и сатисфакција е задоволството кое нашите клиенти го имаат. Многу е убаво кога си ја сакате работата што ја работите, тогаш се работи со полн елан. Мотивација ми е секој нанижен успех, искрена пофал- ба, позитивна критика, задоволство во очите на клиентите.“ Мајчин- ството, од друга страна е допол- нителна инспирација која ја овозможуваат децата, а успехот на сите блиски луѓе во околи- ната ѝ дава дополнителен поттик за постигнување повеќе.

3. Мирјана е жена која најсоодветно и достојно претставува бренд во кој верува и кој ја претставува суштината на женственоста, убавината и креативноста. Пласи- рањето на бренд каков што е Revlon Professional на нашиот пазар бара концепт и стратегија. „Стратегијата е комплексна работа која се состои од многу сегменти кои што влијаат еден на друг. Пред сѐ, важно е да имате визија што сакате да ја постигнете. Стратегијата која што можеби на хартија е совршена нема да биде успешно реализирана доколку нема тим кој добро функционира и кој се надопол- нува. Многу ни е важно нашите вработени да бидат задоволни од работата, да доаѓаат на работа со елан и да си заминуваат со насмевка. Нашата стратегија е долгорочна, комплетно насочена кон задоволување на потребите и желбите на клиентите, буквално допирање и вадење на површина на уникатната убавина која што секоја жена ја посе- дува и зголемување на чувството на моќ и доминација кога жената е задоволна од сопствениот изглед. Revlon Professional ги става на располагање најиновативни третмани за косата и сите најнови трендови во бојадисување и стилизи- рање со цел да се даде слобода на креативноста на професионалните фризери. Синергијата помеѓу Revlon Professional и професионал- ните фризери дава резултати кои најдобро одговараат на личноста на секоја жена и на нејзиниот уникатен стил.“

4.„Задолжително е постојано да се работи на маркетингот и промоцијата на брендот и производи- те со цел да им се приближат на крајните потрошувачи. На ова поле работиме многу и интензивно, како преку директните канали, така и преку индиректните канали на маркетингот. Една од нашите цели е што повеќе индиректно да се приближиме до клиентите и преку осознавање на нивните желби и потреби да креираме соодветна политика на функционирање. Во последно време се многу популарни промоциите преку социјалните мрежи, тоа е канал преку кој најбрзо се дознаваат информациите во време кога темпото на живот е пребрзо. Секој задоволен потрошувач е скапоцена реклама. Присуството на модните случувања каде што се претставуваат новите трендови е интересен дел од промоцијата на брендот. Максимално сме посветени кон претставување и доближување на производите и новите трен- дови и колекции на професионалците, а тоа се фризерите, како и на крајните потрошувачи преку едукации, рабо- тилници, директно и индиректно рекламирање.“

5.Најдобриот совет кој го добила е дека секогаш треба да се биде буден со едното око и да се следи секој сегмент од бизнисот. „Кога станува збор за сопствен бизнис треба да се познава секој еден дел, буквал- но да се биде дел од целокупниот процес и да се работи на добра организација, мотивација, делегирање на работните обврски и задачи и контрола на работењето. Тимот кој победува не се менува, може само да се работи на поголемо задоволство на сите засегнати страни со цел успехот да биде по- голем и гарантиран.“

6.„Постојано си поставувам прашања и се преис- питувам дали некој потег е правилно направен, дали можело нешто подобро да се изведе, како во иднина да биде подобро. Секогаш ме води мислата дека треба да се учи од искуствата (и сопствени, но и туѓи), да се примени сѐ она што мислите дека може да придонесе за поголем успех, а разговорот со вработените секогаш е од помош. Не пос- тои нешто што не може да се научи, само упорност, трпение и работа.“

7. Искрено, мислам дека времето е сменето и дека нема веќе толку женски и машки работи и професии. Жената подед- накво се носи со сите предизвици на животот како и мажот. Сите ние сме многу посилни од што мислиме дека сме. Тоа се докажува во ситуа- ции кога мислиме дека сме на работ да ни се сруши светот и сепак преживуваме и продолжуваме понатаму со крената глава.“

8. „Бизнисот го гледам како сложувалка во која ние сме тие што ги редат делчињата и кога ќе ја заокружиме цели- ната ја добиваме целосната слика. Ако недостасува макар едно делче, сликата е непотполна. Потреба е напорна работа, многу труд, постојани истражувања, поставување на цели кои се повисоки од пре- тходните, упорно, истрајно и посветено работење, функционирање како тим, препознавање на потребите на потрошувачите и нивно задоволување, компромис кој е неизбежен, праведност и правичност, менаџирање на процесите, донесување правилни и паметни одлуки и уживање во успе- сите. Успех е да имаш среќно и насмеано семејство, спокој и мирен сон, искрени пријатели и работа која ја сакаш и ја работиш со љубов. Моја топла препорака е да не се откажувате од соништата, ќе се исполнат кога најмалку ќе очекувате!


Можеби ќе ве интересира

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ