8 од 10 грци се мачат да го преживеат месецот
Објавено во: Економија 14 Декември, 2017
Според анкета која излезе вчера, осум од десет грци истакнале дека се уште се мачат да го преживеат месецот без оглед на позитивните трендови во грчката економија кои донесоа придвижување на пазарот и нови работни места.
Сепак, кратењето на голем број на видови на бенефиции, како и тешките мерки за штедење од државниот буџет и ригорозните начини на враќање на големиот долг и натаму силно се чуствуваат меѓу грчкото население.
Анкетата спроведена од истражувачката фирма MRB открила дека 68% од испитаниците основните потреби го покривале со голема потешкотија, додека пак 12.7% од нив рекле дека повеќе не можат да се справат.
Анкетата била спроведена од 1 до 8 декември на репрезентативен примерок од 2000 испитаници.