800 евра е потрошувачка корпа за месец декември во Црна Гора
Објавено во: Балкан 23 Јануари, 2013
Вредноста на минималната потрошувачка корпа во Црна Гора на крајот од минатата година беше 799,4 евра, соопшти денеска Заводот за статистика.
За храна и за безалкохолни пијалаци биле потребни 251,9 евра, а за непрехранбени производи и услуги 352,3, а за наем 195,2 евра.
Вредноста на минимналната потрошувачка корпа во декември 2012 во споредба со истиот месец од 2011 година зголемена е за 3,8 отсто