20 Април, 2024
0.0266

Абдулменаф Беџети: Задолжувањата се ближат кон критична кота!

Објавено во: Финансии 03 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Сите овие задолжувања, ги оптоваруваат  младите особено што тие задолжувања не се наменети за перспективите на младите генерации, не инвестираме во инфраструктура, не инвестираме во хидроцентрали, не инвестираме таму каде тие ќе можат да ги вкусат, туку инвестираме во некои авантури, кои на еден или друг начин не знаеме дали ќе ги задоволуваат генерациите што ќе доаѓаат, вели Академик Абдулменаф Беџети во изјава за Алсат М. 

Како ги коментирате последните податоци на министерството за финансии, според кои нивото на јавниот долг достигна 32,1 отсто од БДП?

- Мислам дека податоците за нивото на јавниот долг за крајот на 2012 година не се многу вознемирувачки. Но, вознемирувачки е интензитетот на тие задолжувањата и тоа не само за минатата година. Ако погледнеме ретроактивно се забележува дека во последните години ние сме имале перманентно зголемување на јавниот долг и од 1990 година интензитетот на растот е се поголем. Очекувањата се уште по вознемирувачки за оваа и следната година од многу причини. Минатата година најголем фискален генератор беше ДДВ-то, каде што имаше пад на приходите од околу 10 отсто на годишно ниво, што дополнително може да го забрза интензитетот на финансирањето на трошоците преку задолжувања, било преку внатрешниот пазар, било надворешниот пазар. Од друга страна очекувањата се, дека сепак се повеќе неликвидноста во стопанството ќе се рефлектира директно на неполнењето на буџетот. Третата грижа е дека сме во изборна година. Сите овие три причини ќе го интензивираат се поголемо задолжување на земјата и може да дојде до критичка состојба од овој аспект.

Владата вели дека се уште сме далеку од црвената линија односно од нивото на 40 отсто на јавен долг и затоа нема простор за паника ?

- Мислам дека тоа е едно оправдување и владата постојано користи една таква формулација. Но, таа никогаш не кажува  реално колкав е тој долг. Не зборувам само за евидентиран статистички долг, туку и за фактичкиот долг кој се уште тие го сметаат како виртуелен. Зборувам за реален долг по основ на нереализираните обврски, како и на  неевидентираните обврски по барање на владата. Тие неевентирани обврски се пред се во градежништвото каде се прават големи јавни инвестиции а кои состојбите, барањата и фактурите обично ги испраќаат многу подоцна. Значи има уште еден голем потенцијал на латентни обврски што владата не ги кажува и само со релативни формулации се обидува да покаже дека сепак сме далеку од црвената линија како што тие го нарекуваат.

Дали сегашните генерации се задолжуваат на сметка на идните генерации?

- Ова е најголемата грижа и во последно време и јас се повеќе предупредувам и ја истакнувам ова грижа што е повеќе од социјален отколку економски карактер. Бидејќи младите генерации не донесуваат одлуки, не се во процесот на донесувањето на одлуките во задолжувањето, нормално дека тие се повеќе неоправдано се оптоваруваат.  Сите овие задолжувања, ги оптоваруваат  младите особено што тие задолжувања не се наменети за перспективите на младите генерации, не инвестираме во инфраструктура, не инвестираме во хидроцентрали, не инвестираме таму каде тие ќе можат да ги вкусат, туку инвестираме во некои авантури, кои на еден или друг начин не знаеме дали ќе ги задоволуваат генерациите што ќе доаѓаат. Значи на еден или друг начин, правиме неправда на генерации што е многу загрижувачка социјална компонента.

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин