23 Септември, 2017
0.3818
    ALK 7297.6    -0.03%     GRNT 870    -0.99%     KMB 2883.3    -1.59%     KPSS 485    -2.81%     KVAS 10670    -3%     MPT 30201    -2.58%     MTUR 4700    2.17%     OKTA 3300    10%     PKB 14500    0.07%     RZUS 120    -1.64%     SBT 2219.26    -0.89%     STB 938.54    -1.78%     STIL 134    3.08%     TEL 279    -0.49%     TNB 13300    0.4%     TPLF 1601    -0.32%     TTK 776    -3%

„Адиент“ и официјално ја отвори новата фабрика за производство на навлаки за автомобилски седишта во Струмица

Објавено во: Мои пари 15 Јуни, 2017

„Адиент“, глобалниот лидер во областа на производство на автомобилски седишта, денес официјално го најави отворањето на својата нова фабрика за производство на навлаки за автомобилски седишта, сместена во технолошко-индустриската развојна зона во Струмица.

Новата фабрика се простира на површина од 12.500 м2 и е опремена со врвна технологија за производство на навлаки за автомобилски седишта, првично наменети за потребите на клиентите на европскиот пазар. Заедно со иницијалната инвестиција од повеќе од 20 милиони американски долари за изградба на оваа „гринфилд“ инвестиција, „Адиент“ ќе вработи повеќе од 1.300 лица, дополнително потврдувајќи ја својата силна заложба за инвестирање во македонската економија.

„Mи претставува особено задоволство што пред една година ја најавивме изградбата на нашата нова фабрика, а денес гордо стоиме пред неа ‒ една од најголемите и најмодерни фабрики за производство на автомобилски компоненти во регионот. Оваа инвестиција е уште еден јасен доказ за нашите намери да инвестираме во македонската економија и претставува уште еден важен чекор кон проширувањето на нашата производна мрежа во Европа, што, пак, дополнително ќе придонесекон обезбедување на нашите клиенти, односно автомобилските компании, со диференцирани производибазирани на квалитет, технологија и перформанси“ ‒ изјави г. Владимир Теплик, Потпретседател на операции на „Адиент“.

На официјалната церемонија за отворањето беа присутни високи владини претставници, амбасадори, претставници од институциите, како и многубројни партнери и соработници на „Адиент“. На настанот, покрај г. Теплик, се обрати и г. Зоран Заев, Претседател на Владата на Република Македонија, г. Џес Л. Бејли, амбасадор на САД во Македонија, како и г. Виктор Мизо, директор на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, нагласувајќи ја важноста на ваквите инвестиции за македонската економија, како и за позиционирањето на Македонија на глобалната производна карта. 

Можеби ќе ве интересира

МАКПРОГРЕС ОД ВИНИЦА ЈА ПРЕВЗЕМА ДОНИА ОД ПРИЛЕП

МАКПРОГРЕС ОД ВИНИЦА ЈА ПРЕВЗЕМА ДОНИА ОД ПРИЛЕП

ЕДС тврди: Ниту сме ја иницирале постапката за блокирање на сметките на ФЕНИ ИНДУСТРИ ниту пак имаме желба Комбинатот да се затвори

ЕДС тврди: Ниту сме ја иницирале постапката за блокирање на сметките на ФЕНИ ИНДУСТРИ ниту пак имаме желба Комбинатот да се затвори

Учениците-иницијатори на позитивни промени во училиштата

Учениците-иницијатори на позитивни промени во училиштата

Деветта „Coca-Cola Активна зона“ за промоција на активниот начин на живот

Деветта „Coca-Cola Активна зона“ за промоција на активниот начин на живот

СИГУРНО ИМАШ БИЗНИС-ИДЕЈА ЗА НАГРАДА ОД 10.000 ЕВРА

СИГУРНО ИМАШ БИЗНИС-ИДЕЈА ЗА НАГРАДА ОД 10.000 ЕВРА

МХЕ Тополки тврдат: Пренамената на земјиштето за МХЕ Тополки е обврска на државата од концесискиот договор потпишан во 2015 година со претходната Влада на ВМРО ДПМНЕ

МХЕ Тополки тврдат: Пренамената на земјиштето за МХЕ Тополки е обврска на државата од концесискиот договор потпишан во 2015 година со претходната Влада на ВМРО ДПМНЕ

Пакети со 50% попуст и со поголема интернет брзина во Неотел

Пакети со 50% попуст и со поголема интернет брзина во Неотел

ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ СТАНА ГЛОБАЛНА ИДЕЈА

ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ СТАНА ГЛОБАЛНА ИДЕЈА

Министерот Шапуриќ во посета на Витаминка

Министерот Шапуриќ во посета на Витаминка