19 Април, 2024
0.0264

Адвокатот на Кочан тврди дека притворањето е за да се замолчи неговиот медиум

Објавено во: Македонија 15 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Никола Додевски, aдвокатот на Сеад Кочан вели дека целта е да се замолчи неговиот медиум и дека притворањето е повреда на слободната мисла и слободата на говорот. 

„Нема потреба од притвор. Единствената потреба за притвор е тој да биде затворен, а неговиот медиум замолчен. Не знам од кои причини. Обвинителството бара притвор за Сеад Кочан затоа што тој е сопственик на Телевизијата Нова, а не затоа што учествувал на тендер“ - вели Додевски.

Додевски вели дека работата за која е добиена јавната набавка е завршена и за сите, освен за СЈО, и било ирелевантно дали машините кои ги понудил конзорциумот биле земени на лизинг, позајмени или купени. Тој рече и дека бројот на работници кои требало да ги има фирмата што ќе го добие тендерот бил двојно поголем, а не помал . Додевски вели  дека СЈО извадиле погрешна дробилка од интернет, а дека онаа која ја дал Кочан била според спецификациите во тендерот.

Тој ги обвини СЈО  за дискриминаторско однесување кон обвинетите. 

Адвокатот вели дека за Кочан се бара притвор, а за другите осомничени само мерки. 

На денешната седницата на Апелациониот суд за одлука за притвор на Сеад Кочан, одбраната и адвокатот Додевски ги отфрли сите докази доставени од СЈО, како неосновани. 

Судот има 48 часа да донесе одлука, дали ќе го потврди или отфрли притворот на Сеад Кочан за кој, одбраната тврди дека не е во бегство, но не знае каде се наоѓа во моментов. Претходно беше соопштено дека Кочан заминал на службен пат. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?