29 Март, 2024
0.0449

АФРИКА, АЗИЈА И ОКЕАНИЈА: Најголем број од децата кои се приморани да работат живеат таму

Објавено во: Свет 19 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Eдно од десет деца во светот или повеќе од 150 милиони деца се жртви на принудна работа. 

Напредокот во однос на тоа прашање е многу мал, објави денеска Меѓународната организација на трудот (ИЛО).

Според организацијата, од 152 милиони деца кои работат принудно, 54 милиони се девојчиња, а 88 милиони се момчиња. Девет од десет деца кои работат принудно живеат во Африка, во Азија и во Океанија.

„Околу половина од нив работат небезбедни работи, над една третина не посетуваат училишта, две третини од децата работат на семејните фарми или во семејни претпријатија, додека речиси 71 процент од нив извршуваат земјоделски работи“- се наведува во извештајот на ИЛО.

Иако бројот на деца, кои работат принудно се намали за 94 милиони во однос на 2000 година, сепак тој пад е забавен во периодот  од 2012 до 2016 година.

Еден од целите на ОН е до 2030 година да се запре принудната работа кај децата.

Претходно медиумите пренесуваа дека во одредени земји децата работат во фабрики и повеќе од 12 часа за скромна сума на пари. Во фабрика за фармерки во Индија, секогаш кога децата од осум години кои таму работат не си ги исполнуваат обврските, газдите ги удирале со чекани и електро шокови, пишуваше на почетокот на годината британски Метро. 

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?