28 Март, 2024
0.0249

АГРО БИЗНИС: Фарма со полжави со правилно одгледување може да донесе добра заработка

Објавено во: Агробизнис 20 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Горан Стојаноски од Прилеп пред неколку години отворил фарма за полжави, извесно време се занимавал со оваа работа и за сите кои сакаат да се занимаваат со ваков агро бизнис им побјаснува дека се работи за рентабилна дејност.

Вели дека полжавите бараат работа и грижа, но трудот се исплати, а за фармерите важно е да бидат упорни и да не се откажуваат.  Сосема случајно овој прилепчанец добил идеја за еден ваков бизнис,  и одлучил да си ја проба среќата.

„Започнав да се занимавам со одгледување на полжави пред 7 години, кога имав 22 години и тоа траеше две години. Идеjата ми дојде преку интернет, тогаш и во село Галичани се имаше отворено првата фарма за полжави во прилепско, па ја посетив и разговарав со сопственикот. Се одлучив преку проектот за самовработување да инвестирам капитал, со мој личен капитал бев многу ограниченза тие години и е многу тешко да инвестираш.  Полжавите како и секоја друга дејност бараат грижа, посебно за нешто што е ретко и дотогаш невидено на наши простори е многу потешко. Најголемата тешкотија е во тоа да мора да учите преку интернет, преку книги на друг јазик, да барате помош од стручни лица кои до тогаш не виделе како функционира. Но,  се тоа е сосема поинаку кога вие практично ги одгледувате и учите, ви треба време и анализи да ги запишете и практувате во подолг временски период, да ги отфрлате негативните последици и практикувате позитивните чекори, Теоријата е добра, но праксата секогаш игра клучна улога“ – вели Стојаноски.

Тој додава дека откуп за полжавите имало без проблем, но проблемот бил  во начинот на одгледување и производство.  Зависно од моделот на производство,може да се заработат околу  7000 евра на 5 декари површина.

„Количината беше неопходна и за поголема откупна цена и рентабилност. Мое лично мислење е дека има профит во оваа дејност. Мојата грешка е што се откажав во рок од две години, морате да плаќате придонеси а не можете да  инвестирате, имавме државна помош , но недоволна да опстанеме и да се развиеме на подолг временски период. Луѓе има и ден денес кои се заинтересирани, секој ден на мојата Фејсбук страница ми пишуваат за откуп и подмладок, Се надевам дека една ден кога би имал подобри услови би продолжил повторно“ –изјави Стојаноски.

Тој пет години бил во странство, а сега е вратен во родниот град Прилеп. За сите кои сакаат да одгледуваат полжави им препорачува да направатдобра анализа, да посетат фарми во нашата држава и надвор од неа, да донесат модел на производство и најважното да не се откажуваат.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи