Агрокор на дното потегна уште еден домашен гигант
Објавено во: Балкан 26 Јули, 2017
Меѓу компаниите кои „заиграа“ во кредитирањето на Агрокор, а потоа останаа без можност за брза наплата на долгот, е и компанијата Nexus вложување.
Оваа компанија е во сопственост на фондот Nexus FGS за економска соработка, чиј вложувач е и Хрватската банка за обнова и развој (HBOR), пишува Јутарњи весник, а веста ја пренесува српски Б92.
Компанијата Nexus вложување во септември-октомври 2016 година на концернот му дала краткорочен креидт од близу 40 милиони куни (5,4 милиони евра) а потоа поради колапсот на Агрокор останала без брза можност за наплата на тие средсства, па изгледа дека и HBOR изгубил дел од инвестираните пари, се наведува во текстот.
На прашањето зошто Nexus вложување го кредитирал Агрокор, Марко Макек, член на управата на таа компанија објаснил дека Nexus вложување го докапитализирал претпријатието „Загреб монтажа“ во септември 2016 година со износ од 32 милиони куни (4,3 милиони евра) со што станал сопственик на 51 отсто од таа фирма.