Ахмети ги разгледува можностите за останување во опозиција
Објавено во: Македонија 24 Февруари, 2017
Пред да влезе во седиштето во Мала Речица лидерот на ДУИ Али Ахмети потенцираше дека денеска Централното претседателство на неговата партија ќе разговара за опциите, меѓу кои е вклучена и опцијата да останат во опозиција.
„Ги разгледуваме опциите да останеме во опозиција“, рече Ахмети.
Според Ахмети уште не е извесен договорот за Влада со СДСМ, ниту пак дали ќе ги даде потписите на Заев за да може СДСМ да го добие мандатот и да формира Влада.