Air Berlin ќе се „распадне“ во воздух!?
Објавено во: Економија 09 Октомври, 2017
Проблематичниот авио превозник Air Berlin е пред нова голема невоља откако стигнуваат информации дека easyJet ја намалил понудата за откуп на нивните 30 авиони. Германската авио компанија има проблеми со ликвидноста и доколку не добие финансиски средства до крајот на ноември ќе се соочи со банкрот.
Air Berlin има 8000 вработени и во август поднесе барање за прогласување несолвентност со што го пролонгираше финалното затворање, па знак на надеж беа преговорите со британски easyJet кои сега се под закана целосно да пропаднат.
Проблеми во преговорите прави и Lufthansa која исто така има интерес за делови од компанијата Air Berlin, особено за добивање на правата за слетување на аеродромите во Дизелдорф и Берлин кои за нив се многу поважни отколку флотата на летала.