26 Април, 2024
0.0322

Академик Беџети: Кризата од реалниот сектор ќе се префрли во банките!

Објавено во: Економија 31 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Академик Абдулменаф Беџети им  одржа вистинска лекција по економија на банкарите и владините претставници на денешниот саем Банк Експо. Беџети смета дека кризата од реалниот сектор ќе се префрли во банкарскиот сектор веќе следната, 2013 та година, а причините ги лоцира повеќе години наназад, поради пасивноста во отворањето на големи јавни и инфаструктурни инвестиции. - Ќе беше многу подобро пред неколку години да инвестиравме во големи инфраструктурни проекти, како што се Чебрен и Галиште, смета Беџети. Точно е дека сега банкарскиот систем е стабилен, но што ќе правиме следната година кога кризата од реалниот сектор ќе се префрли во банкарскиот. Мерките што беа преземени не се лоши. Добро е што ни е зголемена јавната потрошувачка и буџетскиот дефицит на 3, 5 % но проблемот е структурата на трошењето и за што ќе се насочат парите, дали за капитални инвестиции или ќе одат за плати и слично. Јас сум сигурен дека нема да одат за капитални инвестиции, смета Беџети. Во делот на буџетот секоја година ни се повторува да правиме преамбициозни буџети, кои после ги кратиме со ребаланс вели Беџети, а постојано при тие ребаланси ги кратиме капиталните инвестиции. Лани беа бомбастично најавени, а се скратија 85 %.. Лошо планирање во земјоделството Беџети вели дека проблемот е во лошото планирање, а како пример го зема земјоделството. - Видете. Имаме огромни субвенции во земјоделството кои се 7 пати зголемени, а ефекти нема, извозот е намален, производството не е зголемено, исто и вработеноста. Проблемот е сличен и во другите гранки, смета академик Беџети. Имаме ниски даноци на доход и  добивка, а имаме зголемена даночна основица и тоа домашните компании добро го знаат. Имаме уште една небулоза данок на непризнати расходи, што е неуставна категорија. На Владата и порача ако сака да се справи со невработеноста да го преземе турскиот модел за сузбивање на црната економија. - Ако некој сака да прави зграда, се знае зграда со колку луѓе се гради , се прават пресметки. Инвеститорот нема да добие одобрение за градбата додека не плати давачка односно данок за вработените според процент што Владата го определува врз основа на пресметката по формула со која се знае колку луѓе  се потребни за изградба на еден објект. Кога веќе ќе мора да ги плати давачките тој тогаш нема да има зошто да ги крие вработените и тие да бидат ангажирани на црно, вели Беџети. Отворивме факултети на секоја ливада, тоа не е дисперзија туку дисторзија Тој се осврна и на образовната политика на власта. - Точно е дека Знаењето е сила - знаењето е моќ, но ние отворивме факултети на секој ливада во Македонија, ги зголемивме трошоците многу, а и понатаму немаме кадри, увезуваме добри кадри. Со дисперзијата на факултетите направивме дисторзија  и Владата треба да знае дека сите овие мерки ќе и се вратат како бумеранг, заклучи Беџети.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија