Акциите на Макпетрол во пад, најтргувани акциите на Комерцијална и Охридска банка
Објавено во: Економија 08 Февруари, 2017
Во текот на вчерашниот ден најтргувани или хартии од вредност кои достигнаа промет поголем од милион денари на Македонска берза беа акциите на Комерцијална банка, Охридска банка и Оилко.
Со акциите на РЖ Услуги беа истргувани 230 акции, а овие акции беа добитник на денот со тоа што цената на акцијата забележа раст за 9,78 отсто. Овие акции беа проследени од акциите на Стопанска Банка Скопје со раст од 7,69 отсто
Наспроти погоре наведените акции кои забележаа раст, акции кои регистрираа тренд на пад беа акциите на Макпетрол . Во низата губитници се најдоа и акциите на Гранит, Макстил
МБИ 10 индексот забележа прекин на позитивниот тренд тргувањето вчера го заврши со пад од 0,47 отсто.