АКЦИЈА „АГРОКОР“ ВО ХРВАТСКА: Големи апсења го тресат Загреб
Објавено во: Балкан 16 Октомври, 2017
Државното обвинителство и полиција на Хрватска тргнаа во акција на апсење на осомничени поранешни членови на управата на Агрокор и претрес на нивните домови бидејќи е во тек предистражна постапка првенствено утврдена на основни сомневања дека со години ги лажирале билансите на концернот.
Уапсени се Томислав Лучиќ, поранешен член на надзорниот одбор на Агрокор, како и десната рака на Ивица Тодориќ. Лјерка Пуљиќ, потоа Мислав Галиќ, Пирушка Цанјуг, Иван Црњаќ и Дамир Куштрак.
Ивица Тодориќ и дел од неговите најблиски соработници од врвот на Агрокор, меѓу кои се судејќи по се и неговите синови, па Иван Црњаќ , Лјерка Пуљиќ, Томислав Лучиќ, Пирушка Цанјуг и други се сомничат за злоупотреба и други незаконитости врзани за повреда на обврските на водење бизнис книги.
Се сомничат дека со лажни прикажувања на финансиски податоци, лажни прикажувања или прикривање на фактите, ги доведувале во заблуда бизнис соработниците, банките и добавувачи. Oд друга страна, со тоа истовремено овозможиле, сметаат истражувачите, прикажување на позитивни бизнис резултати, односно дека концернот остварува добивка, што не било случај. Врз основа на лажно прикажување на позитивни резултати, на сопственикот на Агрокор Ивица Тодориќ со години неосновано, сметаат истражителите му е исплатувана неприпаѓачка дивиденда.
Износот на така исплатената дивиденда, кој сега се смета за противправно стекната имотна корист, односно штета за концерн, се мери наводно во стотина милиони куни.
Притоа и на државата Агрокор плаќал повеќе даноци отколку што всушност било потребно.