26 Април, 2024
0.0286

Aкционери бараат кривично да се гонат членовите на управен и надзорен одбор на „Скопски пазар“

Објавено во: Економија 12 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Тројца акционери кои заедно поседуваат околу 25 отсто од сите акции со право на глас бараат „Скопски пазар“ да се приклучи кон постапки за кривично гонење на членовите на управниот одбор и на членови на надзорниот одбор (кои сега се во фаза на истрага) заради злоупотреби на службена положба и овластување. Поднесени се предлози за четири различни случаи во кои има сомневања за злопотреби и прекршувања на законстаа регулатива.  потенцијални Заради конфликт на интереси кај членовите на управниот одбор, тројцата акционери подносители бараат по овие предлози за дополнување на дневниот ред да одлучи собранието на акционери

Се подготвува драма на претстојното акционерско собрание на „Скопски пазар“ , закажано за почетокот на мај, на кое најголемиот поединечен акционер „Современ дом Прилеп“ што поседува речиси 25 отсто од акциите со право на глас поддржан од двајца мали акционери физички лица ќе бара приклучување на „Скопски пазар“ кон иницијативите за кривично гонење на членовите на управниот одбор и за членови на надзорниот одбор на компанијата. Предлозите се објавени на интернет страницата на „Скопски пазар“ и се преседан во 25 годишната корпоративна историја на Македонија заради тоа што акционери бараат поддршка од акционерско собрание за поведување постапки за утврдување одговорност на лицата што управуваат со компанијата.

Тројцата акционери воедно бараат и дополнување на дневниот ред за претстојното собрание на „Скопски пазар“ со нови точки со кои сами се предлагаат за избор на членови на надзорниот одбор и тие се: Ацо Дудулоски, Младен Дамев и Димитар Џеков, затоа што на актуелните членови на надзорниот одбор мандатот им истекува на 17 април.

Овие акционери бараат акцинерското собрание да донесе одлука со која „Скопски пазар“ се приклулува кон прогонот и предјавува имотно правно барање во кривична постапка која е во фаза на истрага против членовите на управниот одбор, претседателот на надзорниот одбор и против одговорното лице на друштвото за злоупотреба на службената положба и овластувања со цел утврдување кривична одговорност на осомничените и надоместување на причинета штета односно одземање на противправна имотна корист стекната како последица на нивните дејствија

Сомневање за фиктивна приватна понуда за продажба на акции од „Скопски пазар“ на „Масон инженеринг“

Акционерите бараат собранието да донесе одлука за поведување постапка за утврдување на одговорност на членовите на управниот одбор, на надзорниот одбор, на правното лице „Масон инженеринг“ и неговото одговорно лице заради злоупотреба на овластувања, создавање заблуда со изнесување лажни факти за постоење намера кај „Масон инженеринг“  за откуп на сопствени акции на „Скопски пазар“ со приватна понуда со цел понудените 3.980 акции со право на глас да се повлечат и поништат и со тоа да се намали имотот односно главнината на „Скопски пазар“. Имено, според образложението на предлог одлуката, на 18 акционерско собрание бил прифатен предлогот на управниот одбор со кој „Масон инженеринг“ понудил да откупи 3.980 акции со право на глас по цена од 28.212 денари за акција. Акционерите, подносители, се сомневаат дека постапката била фиктивна и дека со постапката јавноста и акционерите се донесени во заблуда од страна на управниот одбор и на Масон Инженеринг затоа што до Комисијата за хартии од вредност не било доставено барање за одобрување на приватната понуда ниту пак е побарана гаранција односно обезбедување од „Масон инженеринг“ со што на „Скопски пазар“ му е нанесена директна штета од 112,3 милиони денари. Сомнението на акционерите –подносители е поголемо заради тоа што на истото собрание Управниот одбор предложил, а собранието усвоило одлука за поништување на тие 3.980 акции поради неуспешна приватна понуда.

Нелегално задолжување на „Скопски пазар“ со револвинг кредит?

Донесување одлука за поведување на постапка за утврдување одговорност на членовите на управниот одбор и на членови на надзорниот одбор заради склучување и одобрување договор за голема зделка спротивно на одредбите на Законот за трговски друштва. Заради тоа што на 18 март 2015 година управниот одбор и надзорниот одбор донеле одлуки за потврдување и одобрување на голема зделка со која е заложен недвижен и подвижен имот за обезбедување рамковен револвинг кредит од „Комерцијална банка“. Според акционерите кои бараат кривично гонење на менаџментот и членови на надзорниот одбор проблемот е во тоа што таква зделка надминува 20 отсто од сметководствената вредност на имотот на друштвото, а согласно членот 456 од ЗТД таква зделка мора да се одобри од сите членови на надзорниот одбор. Оваа одлука ја одобриле 2 од 3 члена на надзорниот одбор што според акционерите подносители е спорно затоа што надзорниот одбор требало да ја достави оваа предлог одлука до собранието на акционери затоа што не можел да ја одобри во редуциран состав. Пишува дека претседателот на управниот одбор иако бил запознат со споменатите пречки од страна на надзорниот одбор ја спровел истата одлука, а тоа според нив е спротивно на интересите на друштвото.

Претседателот на УО бесправно склучил договор со фирма во која е заинтересирана страна?

Предлог одлука за поведување постапка за утврдување на одговорноста на членовите на управниот одбор заради тоа што склучиле и одобриле зделка со заинтересирана страна спротивно на одредбите на Законот за трговски друштва. Во образложението пишува дека претседателот на Управниот одбор на „Скопски пазар“ во период од 2014 година до 2016 година склучил договори со фирмата „Сити Фешн Груп“  спротивно на членовите 457,459 и 460 од ЗТД заради тоа што во тој период претседателот на управниот одбор е заитересирана страна во зделките со „Сити Фешн Груп“ и се прекршени одредбите од ЗТД на штета на „Скопски пазар“.

Злоупотребени пари на „Скопски пазар“ за нелегален откуп на сопствени акции?

Тројцата акционери предлагаат да се донесе одлука за поведување постапка за одговорност на членовите на управниот одбор на „Скопски пазар“ за извршен откуп на сопствени акции спротивно на ЗТД. Затоа што без согласност на собранието на акционери управниот одбор во 2013, 2014 и 2015 година купил вкупно 1.111 акции со право на глас во вредност од 7,7 милиони денари со што според нив неовластено трошеле средства на друштвото.

Заради конфликт на интереси кај членовите на управниот одбор, тројцата акционери подносители бараат по овие предлози за дополнување на дневниот ред да одлучи собранието на акционери

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија