Добивај вести на Viber
И покрај кризата во Европа и забавување на економскиот раст, Германија и во текот на 2012 бележи рекордна вработеност. Според официјалните податоци објавени денеска, бројот на вработени во Германија лани се зголемил за 416.000 или за еден отсто, со што бројот на вработени Германци се искачи на 41,5 милиони.
Оттука, веќе шеста година по ред Германија бележи рекордна вработеност. Просечниот број на невработени во 2012 година се намалил за 162.000, односно на 2,34 милиони, додека стапката на невработеност од 5,7 % паднала на 5,3 %.