19 Април, 2024
0.0555

Ако барате работа во Европа сега НЕ е вистинското време! Еве зошто…

Објавено во: Свет 11 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Повеќето работодавци на глобалниот пазар на трудот се помалку се сигурни дека ќе ангажираат работници, за разлика од почетокот на годината. Ова укажува на тешки времиња за оние кои се во потрага по работа, покажуваат податоците за првиот квартал од следната година на компанијата за посредување при вработување „Manpower“. Истражувањето на плановите за вработување во првиот квартал на следната година покажува слаба прогноза за нови вработувања во 29 од 42 земји вклучени во исртажувањето, соопшти водечката компанија во делот на вработувањата. Слабото расположение за нови вработувања е најмногу евидентно во Европа, каде што работодавците во 13 од 24 земји опфатени со анкетата дале негативни проигнози за вработување во првиот квартал на 2013 година. Само пред три месеци, лошите  предвидувања дојдоа од 8 земји, наспроти сегачните 13. Најоптимистичките планови за вработувања во првиот квартал на следната година, објавени се од страна на работодавците во Тајван, Индија, Бразил, Мексико, Колумбија и Панама, додека најпесимистички се во Грција, Италија, Шпанија, Словачка, Словенија и Холандија. „Компаниите во светот избегнуваат да инвестираат поради големата несигурност, а тоа вклучува и нивно вложување во работна сила и нови вработувања,“ изјави претседателот и извршен директор на „Manpower“, Џефри Џоерс. „Во Европа повеќето компании велат дека ќе го намалат бројот на работниците за да се прилагодат на послабата побарувачка. Факт е дека работодавците од седум европски земји објавија најниска прогноза откако почнавме да ги следиме трендовите во вработувањето“, вели Џоерс кој додава дека сепак  компаниите мора да најдат начин да го усогласат бројот на своите вработени со неизвесната побарувачка за нивните производи и услуги, а тоа не е лесно.

Можеби ќе ве интересира

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато