29 Март, 2024
0.0252

Ако биткоинот е злато, која дигитална валута е сребро на денешницата?

Објавено во: Финансии 17 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Интересот за биткоинот опфати и други дигитални валути, како етериум и литекоин, и ги вовлече во вртологот на модерната златна треска.

Литекоинот овие денови се движи од  250 до 325 долари, на почетокот на годината вредеше пак само 4 долари.

Тој е креиран во 2011 година, како алтернатива на биткоинот, а функционира на децентрализирана мрежа на блокчеин, само што, за разлика од биткоинот може да произведе блок информации, кои вклучуваат енкриптирани податоци, и детали за трансакциите, а на секои две минути, што е четири пати побрз од биткоинот.

Литекоинот постои многу подолго од другите алтернативи, како етериум и биткоин кеш валутата, а како и тие, може да се користи за сигурно чување на физички пари, кои не бараат име на корисникот или детали за банкарски сметки. Важно е и дека е прилично брз, и бара помалку енергија од биткоинот, и тоа дека надоместоците за трансакциите се значајно пониски, обично помалку од еден долар.

Оваа дигитална валута ја развил Чарли Ли, некогашен инженер во Гугл, а така што се интересирал за кодот на биткоинот, и сакал да дознае повеќе за него. Го нарекол „сребро, во однос на биткоинот злато“, а сега е директор на инжинерското одделение во рамки на најголемата платформа за трговија со криптовалути-Coinbase. 

Ако се земат предвид сите информации, растот на литекоинот бил оваа година побрз од растот на вредноста на биткоинот. Едни тврдат дека токму интересот за биткоинот допринел за тоа, додека други мислат дека се работи за тоа инвеститорите да сакаат да вложуваат во различни криптовалути, и сега барем донекаде се осигуруваат ако една од нив доживее колапс. Растот на вредноста донекаде допринел и за ангажирање на кратори на валутата, бидејќи Ли, за разлика од оние кои го поддржуваат биткоинот, во текот на годината се појавувал на сите големи конференции, и говорел за значењето на литекоинот, и неговите можни примени.

До литекоинот се доаѓа на сличен начин како и до биткоинот-купување на скап супер-компјутер кој би се користел за копање (што не е реално сценарио за повеќето обични смртници, бидејќи, покрај цената на компјутерот, тука е и незанемарливата сума која би морала да се издвои за плаќање на електрична енергија) или преку платформа за размена на криптовалути, и биткоин АТМ, кој функционира како обичен АТМ, и овозможува уплата на пари која би се користела за купување на криптовалути. Секако, неопходно е и да се отвори дигитален паричник на сајтовите како Blockchain.info, и така да се создаде простор за чување на криптовалути.

Можеби ќе ве интересира

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“ од магазинот Global Finance

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“ од магазинот Global Finance

„Измамник кој се претставуваше како добар човек“: Сем Бенкмен осуден на 25 години затвор - украл над 8 милијарди долари од клиентите

„Измамник кој се претставуваше како добар човек“: Сем Бенкмен осуден на 25 години затвор - украл над 8 милијарди долари од клиентите

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап