Ако ги работите овие професии, време е да ги смените
Објавено во: Финансии 20 Февруари, 2017
Во развиените земји шансата работникот да биде заменет од робот на работа постојано расте.
Истражување покажува дека околу 47% од работните места во САД може да бидат автоматизирани во следните 20 години.
Сметководител - 94% шанса за автоматизација
Се повеќе луѓе и фирми ги заменуваат сметководителите со автоматизирани сметководствени и деловодни програми. Софтверски решенија, како TurboTax и Freshbooks ги прават сметководителите вишокот и штедат трошоци.
Помошници на специјалисти - 95% шанса
Ако порано адвокатите имаа потреба од тим помошници, кои помагаат со куп документи, денес им треба само компјутер и софтвер. Машините се новите помошници во многу работни сфери.
Готвачи во брза храна - 96% шанса
Веќе постојат роботски системи за подготовка на сендвичи и закуски - тие сечат, подготвуваат, пакуваат и продаваат. Можат да прават 360 сендвичи на час. Помошник готвачите се исто така загрозен вид.
Касиери - 97% шанса за автоматизација
На многу места во развиените земји, касите се автоматизирани. На некои места може да ги скенирате стоките со вашиот телефон и да платите автоматски од банкарска сметка.