Ако го имате овој пасош ќе ви се насмевне среќата
Објавено во: Свет 18 Март, 2017
Според рангирањето кое го направи агенцијата „Хенли и Партнерите“, која во обзир зема во колку земји со одреден пасош може да се патува без виза, се покажало дека со германски пасош може да се влезе во 176 земји без виза.
По Германија следи Шведска чиј пасош овозможува влез без виза во 173 држави.
Македонија го зазеде 48 место, а бугарскиот пасош е на високото 20 место. Зад Бугарија на 21 место е хрватскиот пасош, а Србија е на 43 место според земјите во кои нивните државјани можат да патуваат без визи.
Од 20 држави чии граѓани можат најлесно да се движат низ светот, освен Јапонија, Канада и САД, се наоѓаат во западна Европа.
Велика Британија падна на листата, најмногу поради Брегзит, додека најголем скок има Перу за 15 места. Британците сепак не се најголеми губитници оваа година, туку тоа е Гана која падна за четири места, а Индија отиде подолу за три места.
На дното на листата се наоѓа Авганистан, чии државјани без виза можат да влезат само во 24 земји, а нив друштво им прават Ирак, Пакистан, Сирија и Сомалија.