28 Март, 2024
0.0242

Ако го правите ова секој ден за 2 недели ќе имате и среќа и пари

Објавено во: Стил 03 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Докажано е дека задоволен човек привлекува и среќа и пари. Ова се работи кои мора да ги правите барем 14 дена и секој ден за да бидете задоволни, а потоа и среќни и богати.

Освестете ја својата среќа

Кога некој ве праша како сте, немојте да одговорите само-добро. Наместо тоа, слободно кажете што е тоа што ве прави среќни и возбудени. На овој начин ќе го поправите своето расположение. Имено, освестете ја својата среќа.

Разбудете го авантуристот во себе

Размислете што е тоа што ве инспирира, без разлика дали се тоа мали или големи работи. Направете нешто ново секој ден и ќе почуствувате освежување, а ќе ви се разбуди и љубопитноста.

Посветете и се на својата цел секој ден по еден час

Постои ефективен начин големите сонови да ги претворите во реалност. Поделете ја големата цел на четиринаесет мали делови и фокусирајте се на еден дневно.

Соочете се со еден страв дневно

Стравот само ве ограничува и не ви дозволува да се чуствувате исполнето. Отсега разбивајте по еден страв дневно така што ќе го направите токму тоа од што се плашите. Почнете од малите работи.

Грижете се за себе барем 15 минути дневно

Бидете добри кон себе макар 15 минути дневно. Правете вежби, направете купка, кажете „не“ на нешто што не ве прави среќни. Сакајте се себе.

Фрлете барем една работа дневно

Пробајте секој ден да фрлите по нешто што не ви треба. Можеби во почетокот тоа ќе ви биде тешко, но наскоро ќе се чуствувате ослободено.

Направете добро дело секој ден

Постојат разни опции за правење добри работи. Дајте и комплимент на непозната личност, или купете му оброк на некој на кој навистина му треба.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи