29 Март, 2024
0.0244

Ако може да бирате, тогаш преселете се во Виена!

Објавено во: Стил 25 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Според студијата на Обединетите нации „Главни градови на светот 2012/2013“,  Виена, главниот град на Австрија повторно се најде на првото место  и е прогласена за најуспешен град, во конкуренција од  70-те светски метрополи. Престолнината на Австрија е рангирана пред другите градови со висок квалитет на живот, како што се Цирих, Торонто или Брисел. Студијата на ОН ги анализирала, меѓу останатото, и факторите како што е продуктивноста, одржливоста, животниот квалитет и инфраструктурата. Градоначалникот на Виена, Михаел Хојпл резултатите од студијата ги оценил како потврда за градската политика и упатил голема благодарност до сите оние кои биле ангажирани од Виена да направат еден од најубавите градови во светот.