24 Април, 2024
0.0258

Јавен долг - дилеми/предизвици,

Ако продолжи да брза, на Македонија ќе и треба „ремонт“!

Објавено во: Финансии, Колумни 01 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Во оваа насока и брзина (нивото на јавен долг) од 50 – 60 км на час за еден мал автомобил како Македонија не значи дека истиот на краток рок ќе покаже сериозни знаци за загриженост, меѓутоа ако продолжи на среден и долг рок без да ја намали брзината, ќе бидат потребни сериозни поправки, замени па и ремонт на некои делови.

Заклучно со третиот квартал од годината вкупниот јавен долг изнесува 50,6 проценти од бруто-домшниот производ или 4,75 милјарди евра.Ова претставува пораст од 486 милиони евра во споредба со претходното тримесечје.Меѓународните институции (пред се ММФ) во своите истражувања посочуваат дека малите и отворени економии кога ќе го надминат прагот на јавен долг од 50% од БДП, им треба многу подолг период истиот во иднина да го вратат на правобитното ниво, споредено со равиените економии, вели за Фактор проф. д-р Борче Треновски од Економски факултет – Скопје, УКИМ.

пишува д-р Борче Треновски

Кога зборуваме за нивото на јавен долг на мала и отворена економија како Македонија треба да имаме предвид дека се работи за еден индикатор кој не треба да се разгледува одвоено од карактеристиките и структурата на една економија. Во оваа насока треба да  ги имаме предвид сите фактори и предизвици со кои се соочуваме кои ја прават нашата економија исклучително ранлива на промени во окружувањето со понатамошни реперкусии врз фискалната сфера.  Во овој контекст треба да се земе предвид сензитивноста на македонската економија, пред сè поради: концентрираноста на македонскиот извоз, концентрираноста на земјите во коишто тој се реализира, увозната зависноост и отвореноста на земјата, огромната детерминираност на растотот на домашниот БДП од странската ефективна побарувачка (неизвесноста околу проценките за растот на економиите од еврозоната за 2017 г.), сензитивноста на приливите и одливите на капитал (пред сè, СДИ, концентрираноста на СДИ). 

Ова се генералните детерминанти за македонската економија кои не е едноставно да се променат на краток рок и кои сериозно го ограничуваат нашиот фискален простор кога работите во окружувањето не одат на добро. Ова е клучно затоа што различни економии со различна структура се повеќе или помалку ранливи во овој контекст и споредбата на Македонија со различни земји само според нивото на долгот не е секогаш издржано. Во овој контекст се и честите предупредувања од меѓународните институции (пред се ММФ) кои во своите истражувања покажуваат дека малите и отворени економии кога ќе го надминат прагот на јавен долг од 50% од БДП, им треба многу подолг период истиот во иднина да го вратат на правобитното ниво, споредено со равиените економии. 

Ова е првата променлива во равенката на јавниот долг, втората променлива се однесува на ефикасноста на јавните финансии во Македонија и нивните ефекти врз економската активност, што понатаму може да  овозможи враќање на долгот. Истражувањата на кои работиме и кои се направени, а кои се однесуваат  на утврдување на ефектите (мултипликаторите) кои ги има јавното трошење врз економијата (животот на граѓаните) во Македонија, покажуват дека резултатите се многу скромни – односно од 1 ден. јавни расходи  во економијата на крај се враќа помалку од 1/3 (за определени категории расходи е уште помало). 

Ситуацијата не е многу подобра и доколку се анализираат ефектите од капиталните расходи. Претходното води до една едноставна констатација - доколу ефикасноста на јавните расходи не е на завидно ниво, тогаш треба да бидеме особено внимателни при трошење (задолжување) на средства кои не сме ги создале и кои треба да ги вратиме со камата (се додека механизмот на трансмисија на позитивните ефекти од јавното трошење не се подобри). 

Ова упатува на дополнително логичко прашање- кое претставува и клучно прашање на кое често не му се дава заслуженото внимание и се занемарува – зошто ефикасноста на јавните расходи е ниска, што треба да се направи за нејзино зголемување и дека е  потребно многу внимателно одлучување колку и каде ќе троши државата додека јасно не одговориме на претходните две прашања. На претходното се надоврзуваат останатиите предизвици за нашата фискална политика за која исто така се укажува веќе подолго време  – тоа се приоритизацијата на јавните расходи, оценување на ефикасноста на јавните проекти, утврдување на перформансите на јавните институции. Сето претходно кажано само покажува дека нивото на јавен долг преставува алка во една цела поврзана мрежа која не е доволно само да се претстави со нивото/висината на јавен долг. 

Потребни се значајни промени и реформи во повеќе сфери, процес на еволуција кој не е едноставен, кој не може да се реализира во многу краток период. Меѓутоа почетокот би можел да биде признавање од сите политичките елити дека е потребно реструктурирање на јавните финансии, дека се потребни општо прифатливи критериуми и мерки за подобрување на ефикасноста и одржливоста на јавните финансии.

Ова иако преставува голема тема која тешко може да се елаборира во ограничениов простор, во продолжение во оваа насока ќе се обидеме да направиме една едноставна компарација – доколку економијата на една земја ја споредиме со автомобил, тогаш нивото на јавниот долг може да ја споредиме со брзината до која може да се движи автомобилот – во оваа насока постојат автомобили кои може да се движат со брзина од 40 км на час (40% на јавен долг), автомобили кои можат да се движат со 60 км, понатаму кои можат да се движат со 100 км па и повеќе. Ова не значи дека автомобилите кои можат да се движат 40 км на час не можат да се движат  и со 60, 70 па и 80 км на час, меѓутоа тоа значи дека доколку го направат тоа во подолг период,  постои сериозен ризик од попуштање на некои од нивните делови, прегревање на моторот  и потреба од  сериозни поправки.

Во оваа насока и брзина (нивото на јавен долг) од 50 – 60 км на час за еден мал автомобил како Македонија не значи дека истиот на краток рок ќе покаже сериозни знаци за загриженост, меѓутоа ако продолжи на среден и долг рок без да ја намали брзината, ќе бидат потребни сериозни поправки, замени па и ремонт на некои делови.

Можеби ќе ве интересира

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА