20 Април, 2024
0.0243

Ако сакате квалитетен живот-ќе го најдете во овие светски градови

Објавено во: Стил 04 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Заборавете на Лондон, Њујорк или Токио како градови со најдобар квалитет на живот. За да го добиете треба да отидете во Велингтон, Единбург или Виена, пишува Financial Times.

Аналитичарите од Deutsche Bank ги истражувале трошоците за живот, загадувањето на воздухот, цените на куќите и други фактори, за да го добијат рејтингот. 

Тие ги ставаат во Топ 3 Велингтон (Нов Зеланд), Единбург (Велика Британија) и Виена (Австрија) . 

Четвртото место е за Мелбурн, а петтото за Цирих. 

Во втората петорка се Копенхаген, Отава, Бостон, Амстердам и Сиднеј.

Ниту еден од градовите вклучени во првите десет, не може да се нарече евтин, но повеќето од нив имаат високо ниво на чистота на животната средина, транспортен пристап до здравството, со исклучок на Велингтон. Најголемите и најгусто населени градови, вклучувајќи ги Лондон и Њујорк, се на крајот на листата.

Сепак аналитичарите од Deutsche Bank посочуваат дека студијата не ја зема предвид можноста за социјализација и забава, но многу луѓе ги избираат Лондон или Њујорк токму поради таа причина. 

„Метрополите често нудат стимулативни квалитети кон кои просечниот граѓанин може да се стреми и во замена да прифати некои штетни работи по квалитетот на живот“, додаваат тие.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган