19 Април, 2024
0.0261

АКО САКАТЕ САМИ ДА ПАТУВАТЕ: Ова се најдобрите градови за соло патници во 2017 година

Објавено во: Стил 30 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Повеќето луѓе сакаат да патуваат во аранжман на туристички агенции, но има и такви кои на пат сакаат да одат и сами. Верувале или не таквиот начин на патување има свои предности.

Пред се можете сами да го испланирате распоредот и од никој да не зависите. Соло патниците се склони да запознаваат нови личности и чуствуваат поголема самодоверба во текот на патувањето.

Патувањето на соло патници во светот е во пораст, а онлајн платформата за букирање на сместување Airbnb направи листа од 10 најпосетени градови во 2017 година.

На прво место се најде Канкун во Мексико, бидејќи забележал 170 посто пораст во букирањето на соло патувања оваа година. Канкун се наоѓа на полуостровот Јукатан на југоистокот од Мексико и може да се пофали со богата историја, плажи кои одземаат здив и кристално чисто море. Името на Канкун доаѓа од јазикот на Маите, и се верува дека значи “легло на змиите“.

Канкун има еко-археолошки парк во рамки на кој може да нуркате во подземни реки и да пливате со делфини или големи желки. Овој парк е богат со флора и фауна, а е уреден во духот на мајанската историја. Уште една од авантурите кои ве очекуават е и можноста за шетање по густа шума. Канкун има и повеќе од 30 бањи  во кои може да се опуштите и да уживате во лековитите дејства на мајанските ритуали на лекување.

На второ место се најде Хо Ши Мин во Виетнам, некогаш познат под името Сајгон. Бил главен град на француската колонија Кохиниха, на Јужен Виетнам, додека во 1975 година го заземале војниците на Северен Виетнам и му го дале името по починатиот водач.

Сместен е во јадрото на тесната река Маконг, има неколку реки и канали. Го краси мноштво од атракции како Хо Ши Мин музејот некогаш познат како пристаниште во змејска куќа, Ку Шу тунел , преубави згради, градски театар, голем број цркви и одлична кујна.

На трет место е Келн во Германија, кој се гордее со воодушевувачка архитектура. Исто така, велат дека на келнските „рингови“ секоја ноќ се „лудува“. Најпозната е  "Kolner Ringe“, шест километри долга авенија, која во полукруг се протега околу историскиот дел на градот. Тука е и познатата Келнска катедрала, како и познатото пиво колш.

Во топ 10 најдобри градови за соло патници се забележани уште два мексички града: Плаја дел Кармен и Сјудад де Мексико, а на листата се најдоа и Јаханесбург, Сао Паоло, Окланд и Шарлот.

Јужнокорејскиот град Бусон се наоѓа на дно на листата, која изгледа вака:


1. Канкун, Мексико

2. Хо Ши Мин, Виетнам

3. Келн, Германија

4.Плаја дел Кармен, Мекиско

5. Јоханесбург, Јужноафричка Република

6. Сао Паоло, Бразил

7. Окланд, Нов Зеланд

8.Сјудад де Мексико, Мексико

9. Шарлот, Северна Каролина

10. Бусон, Јужна Кореја

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре