23 Април, 2024
0.0347

Ако се затворат 12-те босови, ќе се реши проблемот со сомалиските пирати

Објавено во: Економија 28 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Стратегијата  насловена „Ал Капоне" може да им нанесе финален удар на сомалиските пирати, пишува британскиот весник Дејли Телеграф, а повикувајќи се на изјавата на Томас Кели, експерт на американскиот Стејт департмент за борба против тероризмот. Зад активностите на сомалиските пирати стојат 12  шефови како еден вид сомалиските варијанта на некогашниот мафијаш Ал Капоне, кој пак беше запрен откако го затворија за даночни измами, потсетува Кели. Затоа, вели тој, ваквата стратегија може да се примени и против 12-те босови на пиратскиот бизнисот во Сомалија. Со меѓународна поддршка тие можат да бидат изведени на суд, што ке стави крај на нивното дивеење. „Треба да дејствуваме против оние кои ги купуваат бродовите и оружјето за пиратите и кои потоа ги перат парите во Африка и на други места", вели Кели. Пиратерија стана најголемиот бизнис во Сомалија. Според официјалните податоци, во 2010 година сомалиските пирати предизвикаа загуби на светската економија над 12 милијарди долари. Податоците на Светската морска организација покажуваат дека, сепак, во текот на оваа година пиратските напади се намалени. Во првите месеци на 2012 година имало 70 напади, што е за 75% помалку во споредба со истиот период лани. Според Томас Кели, причина се патролни мисии против пиратите на американски, европски и азиски бродови, како и присуството на вооружени чувари на бродовите и танкерите. Околу 1000 сомалиски пирати се наоѓаат во затворите на 20 земји во светот како резултат на заедничките напори на меѓународната заедница, пишува британскиот весник.

Можеби ќе ве интересира

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

СО „ПОЗАЈМИЦИ“ СЕ ГАСАТ ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ ВО ДРЖАВАТА: Заеми се земаат од подоховни акционерски друштва

СО „ПОЗАЈМИЦИ“ СЕ ГАСАТ ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ ВО ДРЖАВАТА: Заеми се земаат од подоховни акционерски друштва

ВО РЕГИОНОТ: Сакаат да ја вратат платата во плик

ВО РЕГИОНОТ: Сакаат да ја вратат платата во плик