20 Април, 2024
0.0281

Ако сте добар претприемач, тогаш ги имате овие 5 карактеристики

Објавено во: Стил 14 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Да бидеш успешен бара комбинација на карактеристики и квалитети, од кои некои се вродени, а други стекнати во текот на годините.

Добрите вести се дека дури и да не ги поседувате овие квалитети, лесно може да ги совладате и да најдете начин да ги искористите предностите на придобивките кои тие ги носат.

На крајот на краиштата, иновациите и размислувањето надвор од рамките на популарното се во основата на претприемништвото.

Ова се 5 карактеристики кои ги поседуваат најдобрите претприемачи:

1. Тие се ранобудни

Повеќе студии покажуваат дека „раните птици“ се поуспешни. Прашањето не е колку порано одите на работа. Најважни во случајот се мотивацијата, амбицијата и посветеноста. Многу често, луѓето кои стануваат рано, се справуваат полесно со најтешката фаза на работниот процес, имено неговиот почеток. Одложувањето е вистинскиот проблем, без разлика дали сте од оние кои стануваат рано или оние кои си легнуваат подоцна. Всушност, просечниот лидер се буди во 6:15 наутро. Тоа помага да се завршат голем дел од задачите пред повеќето луѓе да дојдат во канцеларија. 

2. Тие ги гледаат разликите и недостатоците

Идеја за милиони долари е онаа која исполнува потреба на пазарот. Сепак, за нејзината реализација е потребен претприемач, кој ги забележува недостатоците и разликите во процесот, потребен за нејзино спроведување.

Се разбира дека овие нови и успешни идеи водат до повеќе копии. Има луѓе кои се богатат, одејќи по течението, предизвикано од креативноста на некој друг. Нема ништо лошо ако тоа е вашиот сектор и специјализација, но родените претприемачи се оние со оригинални идеи.

3. Тие ги извршуваат своите ветувања

Секој тим има потреба од сонувачи, бидејќи тие го слабеат досадниот ефект на реалистите. Сепак, многу малку претприемачи се стопроцентно сонувачи. Причината за ова е фактот дека треба да ги исполнувате ветувањата и да не летате во облаците, ако сакате да постигнете што и да било.

4. Тие предизвикуваат статус кво

Од тука доаѓаат приказните за Стив Џобс и другите слични на него кои го напуштаат универзитетот, за да ги следат своите соништа. Претприемачите не ги прифаќаат работите такви какви што се. Тие ги ставаат под сомнение општоприфатените сфаќања. Тие го предизвикуваат „начинот на кој секогаш сме правеле нешто“. Тие сакаат се да биде подобро, побрзо и во поголеми количини и не се плашат да бидат оние кои ќе го создадат. Изразот „доволно добро“ не постои во речникот на еден претприемач. За да бидете победник треба да смислите нешто невидено, нешто надвор од нормата.

5. Тие се ориентирани кон профит

Постои голема разлика помеѓу пронаоѓач и претприемач. Навистина треба да си добро информиран од областа на финансиите ако сакате да ја реализирате вашата бизнис идеја. Тоа не е нешто што го има секој природно во себе, па ќе треба да се потсетите на инвестициските вештини, ако имате такви, и да започнете да се заинтересирате повеќе за вашите лични финансии. Финансиските советници исто би биле од голема корист ако сакате да ги претворите вашите идеи и напорна работа во профитабилен бизнис.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган