Ако сте во оваа земја и чувате монети брзо трошете ги-наскоро ќе бидат безвредни
Објавено во: Свет 27 Јули, 2017
Доколку сте еден од оние кои сакаат парички (монети) и сите апоени ги чуваат во касички, тогаш ова може да биде важна вест за вас.
Сите старомодни парички од една фунта наскоро ќе станат безвредни бидејќи ќе ја изгубат својата парична вредност.
За помалку од три месеци овие стари монети веќе нема да се примаат, а во маркети ќе имаат полно право да ги одбиваат и да ви ги вратат.
А сите оние кои не знаат на кој начин да ги потрошат, би било добро да ги донираат или укрупнат во поголеми апоени, едноставно-на било кој начин да се „спасат“ од нив.
Од 15 октомври единствено банките и поштите ќе прифаќаат оригинални монети.
Генералниот секретар во Министерството за за финансии Енду Џоунс го посетил центарот за складирање и ја потсетил јавноста дека мора да ги потрошат своите монети во оптек во однос на старите, поради тоа е ова добра вест. Со помалку од 100 дена на располагање, може да се каже дека часот им откуцува на граѓаните“, рекол тој.
Новите монети пак имаат единствен облик и дизајн кој го вовел Ројал минт, како би се намалило фалсификувањето.
Како се наведува, една од 40 стари монети се сметаат за лажни.
Новата верзија, за која се тврди дека ќе биде „најсигурна монета на светот“, сега е ставена во масовно производство.
Минт веќе прави 1,5 милијарди монети кои ќе имаат посебни безбедносни карактеристики, како што е холограм, микро-букви и материјал кој може да се открие кога кованицата електронски скенира со помош на машини за броење или платни машини.
Така да, граѓаните кои поседуваат некои од овие стари монети имаат уште 78 дена да ги потрошат, во спротивно, ќе си зададат удар сами на себе.