25 Април, 2024
0.0274

Ако вашиот колега е нарвозен, бегајте од него – нервозата е заразна!

Објавено во: Стил 07 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Група британски научници велат дека стресот може да биде еднакво заразен како и грипот или настинката, така што нервозата и тегобите можете да ги префрлите на луѓето во вашата близина. Доколку на работното место седите покрај колега кој е под стрес поради некоја ситница или кој целиот ден го минува во кукање, вие нема да бидете само нема публика на неговите жалопојќи, туку ќе бидете првата мета за „стрес од втора рака". Професорката по психологија, Елејн Хетфилд, вели дека пасивниот или „користениот" стрес може да се прошири лесно на останатите колеги на работното место. „Ние исто така можеме да бидеме заразени со туѓите тегоби, депресија или стрес. Без оглед на тоа што другите луѓе чувствуваат - и ние ќе го чувствуваме тоа на ист начин", вели таа. Нејзиното истражување покажало дека, доколку сме во непосредна близина на такви личности, нивните емоции ги впиваме како сунѓер - нешто што се вика „емоционална зараза". На почетокот ги слушаме колегите и се обидуваме да се солидаризираме со нив, но после слушателската, добиваме улога на „пациент", односно личност која е зафатена од вистинско стресно чувство. „Ако вашите колеги се склони кон тоа постојано да се жалат и да кукаат, или излезете од канцеларија или кажете нешто позитивно околу целата ситуација. Често работите и не се толку лоши како што изгледаат на прв поглед", вели Др. Ендрју Паркер, психијатар консултант во болницата Капио Најтингејл во Лондон, во која поради се позачестената појава на стрес меѓу работната популација, е отворено посебно оделение за стрес и пост-трауматско стресно пореметување.  

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти