АКО ЗНАЕТЕ НЕКОЈ КОЈ РАБОТИ ВО РУСИЈА: Путин воведува нов данок
Објавено во: Економија 22 Февруари, 2017
Русија го разгледува воведувањето данок на готовински трансакции.
Ова се прави за да се намали сивата економија, затајување на данок и „перење на пари“.
Министерството за финансии во Русија работи на тоа да се ограничи исплатата на заработката во готовина.
Ќе се оданочи и купувањето во големи количини ако се плаќа во кеш.
Се очекува да се оданочи купувањето на недвижен имот, автомобили, луксузни предмети, но уште не е дефинирано колкав ќе биде данокот.
Економистите ги наведуваат како пример Индија и Азарбејџан, каде освен трансакции е оданочено и подигањето кеш.
Русите практикуваат да купуваат во кеш, а од картичките во првите девет месеци лани се повлечени 19 милијарди рубљи.