Актерите од „Мама Миа“ отворено во Еден на Еден: Треба ли да се меша уметноста со политиката
Објавено во: Мои пари 14 Февруари, 2018
Насмеани, расположени и распеани – актерите од хит-мјузикот „Мама миа“ не се такви само на сцената на Македонскиот народен театар. Во неделната епизода на „Еден на Еден“, која веќе е достапна на „Јутјуб“, Тања Кочовска, Биљана Драгичевиќ-Пројковска, Арна Шијак, Нина Деан, Кире Ѓоревски и Никола Наковски направија одлично шоу.
Меѓу другото, Биљана раскажа за моментот кога среде претстава снемало струја во цел Карпош, додека Тања зборуваше за тоа колку е лошо да се има партнер од иста професија. Спротивно на мислењето на останатите, Арна изјави дека политиката не треба да се одвои од уметноста и дека актерската фела треба да има свој став околу политичките случувања.
Нина раскажа зошто не сака да се пресели во Еквадор, а Никола колку дена траел неговиот кастинг. Како еден од ретките Македонци со диплома по пантомима, пак, Кире изведе своја точка.
Погледнете ја првата „Шест на Еден во Еден на Еден“!