28 Март, 2024
0.0906

Активно вклучување на бизнис-заедницата во Берлинскиот процес, за долгорочен развој

Објавено во: Анализа 13 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Факт е, дека повеќе од 25 години на овие простори не беше сфатена  главната порака од ЕУ, дека мора да се соработува регионално. Напротив, државите од Западен Балкан бегаа од таа иницијатива, бидејќи во таквиот вид на соработка ја препознаваа идејата за обновување на поранешна Југославија, иако свесни дека и самата ЕУ е настаната како резултат на принципиелна регионална соработка. Историски гледано, економијата секогаш е таа која прва гради мостови на поврзување меѓу земјите. Ако се погледне деценија наназад, слободно од оваа дистанца, со сигурност може да се истакне дека од 2000 година наваму Западниот Балкан доживува економски трансформации.

Сепак, трговските текови покажуваат дека растот на извозот во регионот не е поттикнат од зајакнувањето на внатрешно-регионалната трговија, туку главно поради зголемената побарувачка на клучните пазари на ЕУ. Несомнено е дека уште многу треба да се направи, особено сега кога сите земји во регионот се насочени кон заедничка европска иднина. Поради тоа, неспорно е дека ни е потребно унапредување на соработката. Бизнис асоцијациите можат може да направат за подобрување на овие состојби. Во моментов единствената Коморска регионална платформа која има за цел унапредување на деловниот амбиент во регионот и активно вклучување на бизнис-заедницата во Берлинскиот процес, со цел зголемување на просперитетот на регионот преку одржлив раст, е Коморскиот инвестициски форум (КИФ), кој го основаше Стопанската комора на Македонија заедно со Унијата на стопански комори на Албанија, Комората за надворешна трговија на Босна и Херцеговина, Стопанската комора на Црна Гора, Стопанската комора на Србија и Стопанската комора на Косово. На Коморскиот инвестициски форум се гледа како на инструмент кој може да ја поттикне економската соработка и да биде кохезионен фактор на политичкото функционирање на Западен Балкан.

Во таа насока, за следниот период активностите на КИФ ќе бидат насочени кон:

-  обезбедување на слободното движење на стоки / услуги во целиот регион со цел намалување на трошоците и зголемување на конкурентноста на стоките и услугите на глобалниот пазар.

-  слободно движење на луѓето од регионот да патуваат, работат и студираат во рамките на регионот без дополнителна документација и премногу административни процедури.

-  повик за заедничка стратегија за дигитална трансформација која ќе придонесе за економски раст, создавање на работни места и подобра конкурентност и деловен просперитет на регионот.

-  повик за заедничка регионална енергетска стратегија.

-  заедничка промоција на регионот како единствена дестинација за инвестирање.

Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија 


Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот