24 Април, 2024
0.0303

Актуелното раководство на ССМ со последен обид за конструктивност

Објавено во: Економија 12 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Актуелното раководство на ССМ кое е во голем спор со членството каде се чека спроведување на одлуката за избор на новиот претседател Дарко Димовски, прави последни обиди за конструктивност во социјалниот дијалот предложувајќи нов закон со кој привремено вработените ќе имаат исти права како и тие со постојан работен однос.

Ова е предвидено во предлог-законското решение за агенциите за привремени вработувања кое веќе помина на последната седница на Економско-социјалниот совет и треба да влезе во владина процедура..

Сепак, Дарко Димовски го оспори легитимитетот на Митрески и посочи дека треба да биде впишан во Централниот регистар како нов претседател на ССМ по одлуката на Врховниот суд. 

- Откако ќе го преземеме раководењето на ССМ ќе започнат преговорите за нов колективен договор како и вистинско застапување на правата на синдикалците, наместо претседателот на ССМ да биде човек близок до власта кој само ќе ги поздравува нејзините политики, изјави Димовски за Фактор.

Претседателот на ССМ Живко Митрески денеска на прес-конференција рече дека со овие законски измени бенефит би имале 5.131 работник.

– Со овој предлог закон се овозможува целокупните одредби од Законот за работни односи да важат за сите работници, односно и за работниците кои ги отстапува агенцијата за привремено вработување. Тие ќе важат и во делот на платата, на минималната плата, безбедноста и здравјето при работа, заштитата на посебните категории на работници… Важно е и тоа дека со член 21 и член 24 се регулира правото на слобода на синдикално организирање и колективно преговарање, истакна Митрески.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?