19 Април, 2024
0.0283

Аларм: Испарија 177 ,6 милиони евра од државните девизни резерви во ноември!

Објавено во: Финансии 09 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Преполовена е вредноста на ставката валути и депозити која за еден месец е намалена за над 160 милиони евра. Тоа значи дека или се намалила вредноста на странски конвертибилни валути што ги чува централната банка или пак се вадени пари од депозитите. Доколку е така што е платено со нив?

Нивото на државни девизни резерви во ноември годинава изнесува 2,551.4 милијарди евра и во споредба со октомври годинава кога изнесувале 2,729 милијарди евра се пониски за 177,6 милиони евра, покажува официјалната статистика на Народната банка објавена на 7 декември годинава, а податоците се превземени од следниов линк http://www.nbrm.mk/?ItemID=1C32F71009D0F647AACB5135C98F62C6

Паѓаат девизните резерви по сите основи!

Генератор на намалувањето на девизните резерви е преполовувањето на ставката на валути и депозити што ги чува Народната банка на Македонија. Тоа може да значи следново: или паднала вредноста на некоја од конвертибилните валути кои ги поседува државата или пак дека се повлечени пари од депозитините сметки и со нив е плаќано. Речиси е сигурно дека првата варијанта треба да се исклучи затоа што ниту една од светските конвертабилни валути: долар, евро и швајцарски франак за еден месец не доживеал драстичен пад. Дури кај американскиот долар имаше раст на вредноста која е поврзана со расположението на инвеститорите со исходот на претседателските избори во таа земја. Втората можност е многу поизгледна, а тоа е дека нешто стигнало за наплата и е платено од депозитната база.

Ситуацијата е следна: на крај на ноември вредноста на ставката валути и депозити во НБРМ е 150,5 милиони евра. Само еден месец порано вредноста на таа ставка била 312,1 милиони евра. Тоа значи за еден месец 161,6 милиони евра помалку! 

Дополнително врз падот на вредноста на влијае и вредноста на монетарното злато кое за еден месец изгубило 9,7 милиони евра од вредноста и на крајот на ноември вреди 248,3 милиони евра. Вредноста на странските хартии од вредност во кои се чуваат македонските девизни резерви на крај на ноември изнесувала 2,147.7 милијарди евра и се пониски од октомври за 6,4 милиони евра. 

Вредноста на резервите во ноември пониска од вредноста во јули „набилдана“ со еврообврзницата од 430 милиони евра

Вредноста на девизните резерви во ноември за прв пат падна по четиримесечен континуиран раст на нивната вредност. Прв пат во таа низа вредноста на резервите порасна во јули годинава кога државата се задолжи со новата еврообврзница. Тогаш вредноста на резервите порасна за 429,4 милиони евра до ниво од 2,588.2 милијарди евра. Со континуирани растови во август, септември и октомври резервите ја достигнаа историски највисоката вредност од 2,729 милијарди евра.    

р.ф.

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин