19 Април, 2024
0.0255

Македонските возови останаа и без патници и без стока!

Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Алармантна е состојбата во „Македонски железници“. Инфраструктурата, локомотивите, патничките и товарните вагони се во очајна состојба, а тоа го покажуваат и најновите статистички податоци кои регистрираа континуирано намалување и на бројот на патници и на обемот на превезена стока. Суровата статистика покажа што се случува кога не се издвојуваат пари за одржување на возовите и не се инвестира во нова железничка инфраструктура. Ако во 2004 година МЖ Транспорт располагала со 57 локомотиви, лани останала со само 53. Уште потрагична е состојбата со патничкиот возен парк, затоа што од 135 патнички локомотиви во 2004 година, патниците лани имале на располагање само 61. И Светска банка потврди за речиси минорните вложувања на државата во железничката инфраструктура. Во последните 10 години само 8% проценти од македонските пруги биле обновени, а во истиот период државата набавила само 4% од локомотивите со кои располагаат „Македонски железници“. Наместо модернизација и инвестиции, македонската железница тоне во долгови, штрајкови и превработеност. Преполовен обемот на превезена стока со железницата Најголемите извозници во Македонија, кои се и најмногу зависни од железничкиот транспорт, трпат огромни штети поради застарените пруги и бавни возови. Бизнисмените се жалат дека инфраструктурата е еден од најгорливите проблеми затоа што земјава има исклучително слабо железничко поврзување, а најголем дел од индустријата зависи од масовниот превоз. Иако железницата треба да претставува најевтин и најбрз начин преку кој компаниите ќе ги превезуваат стоките, само 8% од вкупниот транспорт на стока во земјава се врши со железницата. Тоа е така затоа што нефункционалните и застарени пруги им нанесуваат огромни штети на компаниите, бидејќи нивните производи не стигнуваат на време до клиентите. Ова го потврдува и државната статистика која објави дека во 2008 година извозниците превезле 518.292 тони стока, а лани обемот на превезена стока бил речиси преполовен изнесувајќи 283.734 тони. Најмногу е намален обемот на железнички транспорт на земјоделски производи и нафта, а во речиси незначителен обем се превезувале прехранбени производи, транспортни средства и мебел. ТАБЕЛА: Превезени патници и стока со Железница Многу ветено, малку реализирано! Изградба на пругата кон Бугарија и кон Албанија, модернизација на дел железничкиот Коридор 10 - сето ова го има во владината програма, но повеќе од шест години овие проекти останаа на хартија. Дури пред два месеци, Владата се осмели и позајми пари од Европската банка за обнова и развој за обнова на дел од пругите. Во најавениот инвестициски циклус од 14 милиони евра планирана е модернизација и ремонт на железничката делница од Коридорот 10. Притоа, МЖ Транспорт позајми 50 милиони евра, кредит од Европската банка за обнова и развој за набавка на шест патнички воза и нови 150 вагони, но тендерската постапка за набавка на истите се уште трае, па за нови возила ќе почекаме следната година. Освен МЖ Транспорт, речиси иста сума од ЕБОР  позајми и МЖ Инфраструктура за надградба на 30 километарската делница, дел од Коридорот 8 кој треба железнички да ја поврзе Македонија со Албанија на запад и со Бугарија на исток. Но, како што пишува и во Манифестот на Владата, овие крупни и стратешки проекти ќе бидат завршени дури во 2020 година, а до тогаш компаниите ќе продолжат да плаќаат бавен а скап железнички транспорт. Соња Јованова Наумовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?