Аларм пред да пукне меурот на Биткоинот
Објавено во: Економија 05 Декември, 2017
Bitcoin Bubble Burst ќе биде нова софтверска апликација која ќе ги предупреди корисници пред да се случи голем пад на биткоинот. Алармот има за цел да ги спречи огромните финансиски последици како и да овозможи временски рок за интервенција на пазарите.
Bitcoin Bubble Burst функционира со вештачка интелигенција која ги следи сите движења на пазарот, анализира неочекуван развој на настаните, различни кризи кои може да му наштетат на биткоинот и состојбата со криптовалутите, а исто така ги следи и случувањата на социјалните мрежи како и веб сајтовите со вести.
Постои и опасност Bitcoin Bubble Burst да делува негативно, односно да предизвика непотребна паника па така сопствениците на биткоинот масовно да почнат да се ослободуваат од криптовалутата што може да резултира со несогледливи последици и создавање на нова финансиска криза. Сепак, креаторите на Bitcoin Bubble Burst велат дека ќе има безбедносни механизми кои би спречиле лажни аларми.
Исто така во апликацијата Bitcoin Bubble Burst самите корисници ќе може да постават ценовни лимити и промени по кои би ги добивале известувањата, па така тие што се подготвени на поголем ризик што самиот доаѓа од инвестирање во биткоинот ќе имаат и поголема флексибилност при ценовните флуктуации.
Тоа се покажа и во последните месеци кога постоеја многу обвинувања за биткоинот како нова финансиска измама, но ивеститорите не се откажаа и продолжија да тргуваат што драстично ја зголеми вредноста на криптовалутата од над 11 илјади долари со вкупна пазарна вредност од 190 милијарди долари.