28 Март, 2024
0.0273

Алармантна состојбата во хрватското сточарство

Објавено во: Агробизнис, Балкан 06 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Сушната година ги осиромаши хрватските земјоделски стопанства. Агроекономистите во Хрватска предвидуваат екстремно лоша година за земјоделството. Според нивните проценки прво ќе пропаднат сточарите, а потоа поледелците. На домашниот пазар има месо дури повеќе од потребите, а причината е поради тоа што поголемиот дел од сточарите не можејќи да ја издржат кризата, наместо за млеко, добитокот го носат во кланица. Предвидувањата се аларматни, следната година ваквата состојба ќе придонесе за недостиг од млеко и месо, а цените може да пораснат и за 100 отсто. Според податоците од хрватскиот Државен завод за статистика, приносите од пченка годинава ќе бидат помали за 25 отсто во споредба со ланската година, 4 отсто помалку родил сончогледот, а за 18 отсто се помали приносите од шеќерна репка. Добиточната храна поради лошиот квалитет веќе поскапува, па земјоделците ќе бидат принудени да ги зголемат цените на финалните производи, за да ги покријат трошоците. Ваквите катастрофални приноси, веќе го намалија и примарното производство на млеко во Хрватска. Земјоделците предупредуваат дека и земјоделската механизација веќе е застарена,што дополнително придонесува за правење штети особено во поледелството. Бараат Хрвтаската Владата итно да интрвенира со соодветни мерки, бидејќи во спротивно ќе ги изгуби двете најголеми земјоделски гранки, сточарството и поледелството.  

Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи