АЛБАНИЈА ГЛАСА: Многу нерегуларности и излезност од 34.72 проценти
Објавено во: Балкан 25 Јуни, 2017
Пукање од огнено оружје на избирачко место, поткуп на избирачи, фотографирање на гласачки ливчиња, физички напади врз набљудувачи и други проблеми имаше денеска на парламентарните избори во Албанија.
Централната изборна комисија (ЦИК) на Албанија информираше дека до 16 часот по локално време излезноста била 34,72%.
Според податоците на ЦИК вкупно 1.198,624 Албанци гласале, а право на глас имаат 3.452,260 лица.
Во моментов највисок одѕив има во Дибр: 53,74%, а на второ место се наоѓа главниот град Тирана со 38.95%.