Албанија и Косово заедно ќе реагираат на секоја вештачка националистичка провокација
Објавено во: Балкан 14 Февруари, 2017
Албанија и Косово заедно ќе реагираат на секоја вештачка националистичка провокацијa, изјавија Мими Кодели, албанска министерка за одбрана и Хаки Демоли, министер на косовските безбедносни сили (ФСК).
Кодели кажа дека максимално високо го ценат извонредното залагање и досегашната работа на воениот персонал и долгата мисијата на КФОР на Косово.
„Консолидацијата на косовската држава и неповредливоста на уставните граници всушност беше приоритет во денешната заедничка агенда. Секој обид да се создадат лажни националистички тензии ќе се соочи со нашата непоколеблива заедничка волја цврсто да го продолжиме нашиот најголем сон и сонот на нашите народи за атлантската интеграција на целиот регионот во кој живееме“ - рече Кодели.
Таа информираше дека потпишале План за соработка за 2017 година, кој предвидува фокусирање на заеднички активности, посебно обуки и воени вежби.
„Процесот на трансформација на безбедносните сили на Косово во вооружени сили на Косово, кој, како што е познато, поради неподготвеноста на припадниците на српската заедница во косовскиот парламент да гласаат за уставните амандмани, кои го отвораат патот за трансформација, веќе подолго време стагнира“ - вели Демоли.
Вели дека во земјата имало притисок со цел силите да се трансормираат во армија.