Албанија на распродажба, Турците купуваат хидроцентрали
Објавено во: Балкан 15 Јануари, 2013
По цена од вкупно 109,5 милиони евра, компанијата „Курум интерншнл“ од Турција купи четири албански хидроцентрали и тоа „Бистрица 1“, “Бистрица 2“ „ Улза“ и „ Шкопет“, со вкупна инсталирана моќност од 80 мегавати и со вкупно просечно годишно произвидство од 400-450 милиони киловат часови електрична енргија.
Уште пред две години, Албанија започна со приватизација на 1.280 државни објекти, меќу кои мали хидроцентрали,воени објекти, како и малцински пакети-акции во сега веќе приватизираните државни компании.
Ваквиот чекор Владата го правдаше со потребата да ги зголеми приходите во буџетот, намали надворешниот долг и да ја заживее економијата.