Албански земјотрес го стресе Охрид
Објавено во: Македонија 24 Мај, 2017
Албански земјотрес денеска го стресе Охрид.
Според податоците на Европско- медитеранскиот сеизмолошки центар, во 12.30 часот регистриран е силен земјотрес во Албанија, кој беше почувствуван и во Охрид.
Земјотресот бил со јачина од 4.5 степени е регистриран на 43 километри северо-источно од Тирана, на длабочина од 10 километри.
Во 12.16 часот регистриран е уште еден земјотрес со јачина од 2.8 степени на 40 километри сверо-источно од Тирана, со длабочина од 2 километри.
Во текот на месецов имаше потреси и во Скопје.