Добивај вести на Viber
Се повеќе од богатите Албанци купуваат скапи апартмани за одмор на крајбрежјето на грчките градови Превеза и Теспорти, пренесуваат грчките медиуми.
Како што информираат медиумите, кои се повикуваат на агенцијата за посредување во продажбата во последно време значително се зголемиле барањата за купување скапи куќи на грчкото крајбрежје.
„Албанците купуваат без многу пазарење и дискусии, велејќи дека се економски стабилни и оти располагаат со големи финансиси средства“, истакнуваат од една грчка агенција за недвижности.
Сепак се чини дека Грците повеќе не ги сакаат работниците од Албанија, бидејќи откако албанскиот премиер Сали Бериша во Валона зборуваше за Албанија од Превеза до Подгорица, од Прешево до Скопје, сопствениците на маслинови насади почнаа да протеруваат албански работници од нивните имоти и бизниси, во знак на протест.