„Александар Велики“ официјално станува „International Airport Skopje“
Објавено во: Македонија 15 Февруари, 2018
Во „Службен весник“ вчера беа објавени одлуките на Владата за преименување на аеродромот „Александар Велики“ и автопатот од Табановце до граничниот премин Богородица.
Аеродромот „Александар
Велики“ е преименуван во „Меѓународен
Аеродром Скопје“ или во транскрипција, испишано на англиски јазик
„International Airport Skopje“.
Одлуката треба да биде доставена до Министерството за
транспорт и врски, до „ТАВ Македонија ДООЕЛ“ Скопје и до АД за аеродромски
услуги ,,Аеродроми на Македонија“, за спроведување активности кои произлегуваат
од нејзино реализирање.
Објавена е и одлуката за името на автопатот А1 од граничниот премин Табановце
до граничниот премин Богородица (Коридор X), според која, новиот назив ќе гласи
„Пријателство“.