29 Март, 2024
0.0271

Алијансата му порача на Заев дека тие се реформистите

Објавено во: Македонија 18 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Денес треба да биде позната судбината на владата предводена од Зоран Заев чија коалиција се искомплицира пред локалните избори и судирот меѓу ДУИ и Алијансата за Албанците. Заев со гласовите и поддршката на СДСМ застана зад Ахмети кој има поголем број на пратеници и е неизбежен во било која владина комбинација но, имаше и повеќе шанси за победа на локалните избори. Од друга страна Алијансата се лути зошто беше попречена да победи во Струга, а во Гостивар беа направени пречки во Советот на општината каде Таравари нема мнозинство.

Сега од Алијансата за Албанците истакнуваат дека тие не се главниот проблем во Владата на Заев и дека напротив тие се вистинската реформска партија која најпрво помогнала да биде срушен режимот на Груевски за потоа да донесат важна одлука при формирањето на новата влада. Често истакнуваат и дека токму Зијадин Села е најголемата жртва на 27 април и дека дал најголем придонес во надминување на тешките состојби со своите одлуки.

Алијансата за Албанците има тројца пратеници кои секако на Заев му се неопходни во носењето одлуки во Парламентот, но не и неопходни бидејќи може да ги замени со двајца од ДПА и барем еден пратеник од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ од каде Саздовски кој на листа беше предложен од ГРОМ донесе одлука да делува како независен. Тука е и Весел Мемеди од РДК кој најверојатно ќе ја напушти коалицијата со Села, а постои шанса и Амди Бајрам или некој друг пратеник од етничките партии кои до вчера му беа лојални на Груевски да префрлат страна.

Секако, самата влада на Заев не е доведена во прашање, без оглед што Алијансата партиципира со двајца заменици министри, додека министерството за здравство и натаму е испразнето.  Зијадин Села е на службено патување во САД и ова ќе биде лош тајминг за прекин на соработката па ќе биде тешко да се процени какви ќе бидат последите кај албанското гласачко тело.

Распадот на коалицијата меѓу Заев, Села и Ахмети може да значи и одржување на предвремени парламентарни избори бидејќи долго време владата нема да може да функционира и ќе зависи од новите договори меѓу партиите кои би имале поголема можност да го уценуваат сегашниот премиер. 

Од Алијансата тврдат дека тие се вистинските реформисти, но не успеаја да ги надминат меѓупартиските препукување и нетрпеливост со Ахмети и ДУИ. Тоа е разбирливо, партијата на Села сака да напрадува по бројот на гласови и да се наметне кај албанското гласачко тело, но може да предизвика и гнев како кочничар на реформските процеси.

Можеби ќе ве интересира

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата