20 Април, 2024
0.0282

„Алкалоид“ со донација од 9 апарати за хемодијализа во 5 здравствени установи

Објавено во: Мои пари 29 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Вкупно 9 апарати за хемодијализа на пет здравствени установи во Македонија донираше „Алкалоид АД – Скопје“ . По два апарати за хемодијализа добија општите болници во Прилеп и Струмица, како и здравствениот дом во Делчево и клиничката болница во Штип, а апарат за хемодијализа доби и општата болница во Гевгелија. -Преку оваа донација сакаме барем малку да го олесниме процесот на лекување на пациентите кои одат на хемодијализа, да придонесеме за нивно поквалитетно лекување и поголема достапност на нивната терапија. Бројот на бубрежно-болните во Република Македонија воопшто не е мал, а некои пациенти на хемодијализа регистрирани во центрите каде сега се донирани апаратите, мораа да патуваат во соседните градови за го добијат соодветниот третман, велат од Алкалоид. Апаратите за хемодијализа се набавени од компанијата „Фрезениус“ по доста поволни цени благодарение на долгогодишната сорработка која „Алкалоид АД – Скопје“ ја има со оваа реномирана компанија и се од типот 4008Н. Редовната цена на чинење на еден апарат се движи помеѓу 10 до 12 илјади евра. Како проверен и сигурен партнер на македонското здравство и фармација; и како компанија која секогаш на прво место го става здравјето на луѓето и редовно помага на оние на кои тоа им е најпотребно, ваквите заложби и акции на „Алкалоид АД – Скопје“ ќе продолжат и во иднина.  

Можеби ќе ве интересира

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни